Ads

на тркала

тамбови

Сакам рикверц да ми е сè

Виетнамски возач на автобус, како да е длабоко убеден дека војната (1959 - 1975) не предизвикала доволно жртви, па сака да даде и свој придонес во таа насока.

Вечната битка

Две од главните причини заради кои некој би купил Смарт е брзо наоѓање паркинг и полесно паркирање. Ама што знае жена шофер што се 2,5 метри.

Уметноста на спасување жива глава

Норвешко камионче од шлеп служба влече расипан лeтонски камион. Проблемот настанува кога камионот почнува да го влече камиончето. Во провалија.

Времето е билдинг

Дечково знае да заштеди време. Зошто да се мачи прво да оди во теретана па после да вози мотор, кога може фино да си ги спои двете занимации.

Низ Полска

Ако мислите дека возењето низ Македонија е опасно, а сообраќајната култура е тапа само кај нас, погледнете што се случува во Полска. Дефинитивно Полјаците се нашите шоферски браќа.

Shall we dance?

Дечково изгледа како цел живот да одел на часови по танц, ама тоа што го научил не го прави на подиум, туку на точак. И супер му оди со партнерот што си го избрал.

Уметничко ролање

Тоа што натпреварувачите во уметничко лизгање го прават на мраз, некој го прави на асфалт. И тоа за свој ќеф, без да се натпреварува со никого.

Божество на четири тркала

Од дизајн и изработка, па до склопување на едно од "митолошките животни" на 21. век - Ламборџини Авентадор 2012-та. Локација Sant'Agata Bolognese - Болоња. Цена, околу 390.000 долари.

Мерцедес во рикверц

Кога го подготвуваа новиот модел, инженерите на Мерцедес вградија посебни сензори за паркирање за балканскиот пазар. До сега, ова е се најдобрите сензори што кога и да е биле ставени во еден автомобил.

Скопје нема гужва!

Две работи. Како се разбираат луѓево и кај им се маглата и смогот бе? Видеото е составено од 10.000 фотографии, направени во главниот град на Виетнам.

Ф1 гледна точка

Еден круг околу патеката во Барселона со Лукас ди Граси. Овој пат камерите се ставени на исто ниво со погледот на Лукас, за да може да видите што гледа возач на болид.

Последен круг

Од Литванија не сме биле вака напнати, а овие не се ни наши. Последната трка на британскиот мото шампионат, кој и да заврши понапред од овие двајца (не е важно кое место, само да е пред другиот) ќе биде шампион. Ова е последниот круг.

M & M (Македонец и Мерцедес)

И Мерцедес CLS 350 CDI да купиш, пак ќе му треба перење... ама ова те остава без зборови. Најсериозно: ако по која било основа сакате автомобили, немојте да го гледате клипов, ќе ве стрефи нешто.

Работа ко работа

Регуларен ден на работа за полицаец, одиш на работа со комбе, те удира кола, излетуваш од комбето, се влечеш 20  метри, стануваш и продолжуваш. Белорускиве полицајци се сериозно отпорни.

Уште еден само

Секој од нас мисли дека некогаш во живот се возел со најполниот автобус на свет. Секој од нас има право да греши и секој треба да им се извини на луѓево внатре.

Прашина и ланци

Имаме уште едвај месец и нешто додека жештинава не се претвори во некое неподносливо лигаво време, кое пак нема да ни биде по мерак. Во меѓувреме еве инспирација како да го потрошите времето кога топлово ќе почне да попушта.

Господари на воланот

Од нашето скромно познавање на возила со многу тркала, тоа едното е камион со ладилник а тоа другото е сериозно голем патнички автобус. Она што е спорно околу двете возила е патот на кој што треба да се разминат.

Lamborghini Aventador - авионот што не лета

За половина век Ламборџини произведе само 4 модели на V12 автомобили. Првиот беше Miura во 66-та, па дојде Countach во 1974-та, по него во 1990-та го промовираат Diablo, кој во 2004-та беше заменет со Murciélago. 2011-та, Ламборџини го претставува Aventador.

Од алуминиум до тројка

Комплетниот процес за изработка на автомобилот, од парче метал до цел, функционален автомобил. Процесот на заработување за колава уште не е снимен.

Само да успее

Бидејќи сме на еден чекор од принесување жртва секој пат пред да влеземе во автомобил на ова несреќново време, воопшто не ни е проблем тоа што може цел паркинг да ни се смее, се додека ова функционира. На кратко, идејата е дека можете инстантно да ја оладите колата, со тоа што ќе го отворите прозорот на едната страна а на другата 5-6 пати ќе ја отворите и затворите вратата (од оваа страна да биде затворен прозорот).

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

17
највисока темп.
13
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk