Ads

музика

тамбови

Стиховна граматика

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

Enter Kazoo Man

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

Blink 182 во 1 минута

Mash-up на скоро цел материјал на Blink 182 во само 1 минута, отсвирен од само 1 човек. Да беа сите кавер бендови како него, маратонските свирки ќе им траеја максимум 5 минути.

Индиски дабстеп

Не очекувајте ништо слично на „Тунак, тунак”, нити пак некакви боливуд миксови. Дечкиве се сериозно добри. Не оклевајте, ајде на повеќе.

Свиркајте ја...

98 години, 26 песни и нешто повеќе од  3 минути. Супер свиркачки преглед на музичката историја.

Матуранти, имате хит!

Извесен естраден певец, Боби Спасенцовски фино се потрудил годинашните матурски прослави да ги збогати со уште еден хит. Тема: матура. Идеја: матура. Сиже: матура. Рефрен: матура, матура.

Never give up!

20-годишниот Корнел Хриска Мун се родил без раце, но тоа не го спречило да стане тапанар. И тоа прилично брз.

Како да ја исчистите листата со ФБ пријатели за 15 минути

Не, сериозно, нели сте помислиле некад дека некое од вашите непознати другарчиња на Фејсбук може волку многу да му се радува на вашиот профил?

Војна и мир

Ајде признајте, колку од вас ќе одбереа војна место мир, ако сите пацифистички музичари снимаа вакви песни?

Ех, Миле

Пар згодни девојки, подвезици, газови, цицки, долги црвени нокти, Миле Китиќ и ете ти нов спот. За жал.

Мислам дека имаме хит

Земете воздух, кликнете плеј и заборавете на Ребека Блек. Колку и да се опирате нема да можете да му одолеете на рефренот: „Hot girls we have problems, too”. Срцки.

Металски подмладок

На клавијатури - Олга (8); на тапани и харфа - Корнелија (5); виолина, гитара и вокал - Стефан (10). На репертоар - Рамштајн. Аплауз!

Британија има опера

Кога 17-годишниот Џонатан Антоан (тежок 127кг) излегол на сцената на „Британија има талент”, првиот коментар на Сајмон Кауел бил: „Таман ќе помислиш дека не може да биде полошо”.

Someone like TWO!

Тачно знаеме дека ви е смачено од мега хитот на Адел и од купот wanna be изведби, ама кога преслатко 2-годишно девојче пробува да ја пее песнава, нема причина зошто да не кликнете на повеќе.

Енд Раша, туелв поинтс!

Русија го избра својот претставник за Евровизија. И нормално, немаше да се најдат кај нас на сајт, ако не беа 6 ултра згодни, дотерани и кореографски потковани Русинки! Ма, Тату можат вода да им носат.

Ода на ќебапчињата

Пејачов се вика Францл Ланг, од Германија е и по професија е јодлер. Не знаеме точно како дошол на Балканов, ама изгледа дека супер си поминал. Тоа што му оставило најдобар впечаток го опеал во песна - ќебапчињата. Изгледа дека имаме хит.

Smells like Kurt Cobain

Во сеќавање на гранџерот кој денес ќе наполнеше 45 години. "Повеќе би сакал да ме мразат за тоа што сум, отколку да ме сакаат за тоа што не сум", Курт Кобејн.

Викингот со палици

Има 17 години, живее во Норвешка и заработува пари тропајќи на тапани низ улиците на Осло. Добро запамтете го неговото име - Баард Колстад.

99 проблеми и 1 супер монтажа

Џеј Зи веќе не треба да се мачи да рапува. Доволно е да ги ангажира дечките од Еклектик Метод и рецитирањето во сите песни може да му биде заменето со филмски реплики. Баш како во генијалниов mash-up на „99 Problems“.

Ако ви е до гитара

После видеово нема да сакате ушите да ги користите за што било друго. Никогаш не сте ни помислиле дека гитара ќе може вака да ве стопи.

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

17
највисока темп.
13
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk