Забранета продажба на Ајпад во Кина |
Забранета продажба на Ајпад во Кина
Откако на прва сите со потсмев ја прочитаа веста за тужбата на Провју против Епл, сега малку поприбрано почнаа да ја следат целата работа, откако кинески суд забрани продажба на таблетот.
| « врати се назад |

Судот во градот Хуижу ја забрани продажбата на таблетот, одлучувајќи дека продажбата на уредот во локалните продавници е прекршување на авторските права на Провју, кој по оваа основа поднесе тужба против Епл уште во 2010-та.
Провју тврди дека тие го имаат регистрирано „iPad“ како заштитен знак во Кина и по таа основа бараат да се прекине увозот на таблетот во Кина или Епл да им исплати отштета од 2 милијарди долари.
Пред судската одлука, во јавноста се појавија мејлови од директна комуникација меѓу правната служба на Провју и Епл, во кои во кои се гледа дека во 2010-та Кинезите ги продале правата за „iPad“ на Епл за 35.000 долари. 
Сето ова се поклопи и со неодамнешното повлекување на таблетот од повеќе продавници и интернет сајтови во Кина, кое беше резултат на барањето на Епл да се прекине продажбата на нивните производи во неовластени продавници.
Оваа недела и судот во Шангај треба да решава по барањето на Провју за забрана на продажба на таблетот и во овој град.
























