Ads

Сони минус од 2 милијарди

Сони минус од 2 милијарди

“Благодарение“ на природни катастрофи и лошиот пазар, Сони за три месеци претрпе нето загуба од 2,1 милијарда долари. Според прогнозите, конечната сметка ќе биде бетер.

Сони минус од 2 милијарди

Јапонскиот гигант за електроника објаснува дека бизнис сметките им се поматиле заради влошување на условите на пазарот во развиените земји, силниот јен и последиците од поплавите во Тајланд.

Одделите при Сони одговорни за Плејстејшн, забележале загуба од 1.09 милијарди долари за периодот октомври - декември 2011-та, при што и трошоците за маркетинг биле над очекуваното. Компанијата во посочениот период продала 6,5 милиони Плејстејшн 3-ки, заокружувајќи ја финансиската година со продажба на вкупно 12 милиони парчиња.

Во обид се врати во колосек, Сони објави дека го менува генералниот директор, па сега на местото на Велшанецот Хауард Стрингер доаѓа Јапонецот Кацуои Хираи, кој најави фокусирање кон дигиталната фотографија, смартфоните и игриците. Стрингер од функцијата официјално заминува на 1-ви април.

Прогнозите од Сони велат дека нивите нето загуби заклучно со март годинава, ќе бидат поголеми од очекуваното, или дополнителни 1,2 милијарди долари.


2. Февруари 2012 - 13:09
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

17
највисока темп.
13
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk