Ads

Планета на мобилни уреди

Планета на мобилни уреди

За максимум 4 години, на планетава ќе има повеќе мобилни уреди приклучени на интернет, отколку луѓе.

Планета на мобилни уреди

Обединетите Нации предвидуваат дека до 2016-та година бројот на глобалното население ќе се зголеми на 7,3 милијарди луѓе. Според Циско Системс, до тогаш на Земјата ќе има преку 10 милијарди уреди кои ќе произведуваат сообраќај на мобилни податоци од 10,8 ексабајти месечно.

Тоа значи, 130 ексабајти годишно што е еквивалентно на 33 милијарди ДВД-а или 813 квадрилион СМС пораки.

Според најновото истражување на компанијата, помеѓу 2011-та и 2016-та година количината на промет на мобилни податоци ќе расте со стапка од 78% годишно.

Се очекува сериозен порaст да доживеат конекциите од-машина-на-машина (M2M), кои до 2016-та би можеле да ја достигнат цифрата од 2 милијарди. М2М конекции вклучуваат GPS системи во автомобилите, системите за следење во бродовите и мерачите на потрошувачка на енергија.

Мобилните податоци, посебно оние во видео форма, веќе ги оптоваруваат безжичните мрежи и иако провајдерите овие услуги ги префрлаат на терет на мобилниот сообраќај на системите на фиксната телефонија, безжичната индустрија упорно апелира дека и се неопходни дополнителни спектри за задоволување на побарувачката.


15. Февруари 2012 - 9:59
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

17
највисока темп.
13
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk