Ads

Студот доаѓа од Русија

Студот доаѓа од Русија

Невообичаено острата зима која го замрзна европскиот континент е руска зима. Ама буквално.

Студот доаѓа од Русија

Стотици жители на Европа починаа од студ, а илјадници се отсечени од цивилизацијата. Замрзна Дунав, втората најдолга река во Европа. Воз во Црна Гора 3 дена остана заглавен на шините. Замрзна дури и популарниот канал во Венеција, што е голема реткост.

Откако научниците од НАСА одлучиле детално да се позанимаваат со оваа екстремна европска зима, откриле дека студот доаѓа од Русија. 

Од таму објаснуваат дека станува збор за климатска шема позната како "руска зима", во која силното поле на антициклони од Сибир, се задржува над северот на Русија и во остатокот од Европа предизвикува мразови и снег.

Анализирајќи го студот на Балканот, метеорологот од веб страната AccuWeather.com, Џим Ендрјуз нагласил дека ледениот бран во Белград е најлошиот во последните неколку децении.

"Се навратив 20 години наназад и најдов само неколку значајни студени периоди, но ниту еден не беше толку остар како овој", вели тој.

Како пример го навел 13-ти јануари 2003-та година, кога температурата во Белград паднала на -24 степени Целзиусови, а 1 дена подоцна се вратила на 8 степени над нулата. Од 29-ти јануари до 13-ти февруари годинава, дневната температура била за 6 степени пониска од просечната за овој период од годината.


16. Февруари 2012 - 11:37
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

17
највисока темп.
13
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk