Ads

Руска Toy Story

Руска Toy Story

100 играчки од Киндер јајца, 100 Лего човечиња, 20 пластични војничиња, 15 кадифени мечиња и 10 колички, не смеат да протестираат затоа што не се државјани на Русија.

Руска Toy Story

Минатиот месец полицијата од сибирскиот град Бернау подигна степен на борбена готовност, откако во снегот биле забележани десетина играчки, од лего фигури до кадифени животни, на кои имало закачени транспарентни со пораки од типот: "Јас сум за чисти избори" и "Крадецот треба да оди во затвор, а не во Кремљ".

Тогаш протестот бил прогласен за "неуставен јавен настан", а сега петицијата за нова демонстрација била забранета под уренебесно смешен изговор дека играчките немаат руско државјанство.

"Како што сфаќате, играчките, посебно оние увезените, не само што не се граѓани на Русија, туку не се ни луѓе", рекол мртов сериозен Андреј Лјапунов, портпарол на тамошната полиција.

Откако "демонстрантите" на првиот собир биле снимени и сликани, било побарано од јавниот обвинител да ја испита легалноста на нивниот протест. Од тогаш бројот на луѓе и играчки нагло пораснал, најмногу заради апсурдната реакција на властите.

Но, властите немаат намера да попуштат и напоменуваат дека ниту играчки, ноти знамиња, чинии или машини за перење не можат да учествуваат во некој собир.

Упорност има и од другата страна, која планира индивидуални протести. 

"Ќе поставиме една играчка, а останатите ќе седат на клупи во близина", вели активистот, Сергеј Андреев.


16. Февруари 2012 - 17:08
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

17
највисока темп.
13
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk