Ads

Претседателот на Германија даде оставка

Претседателот на Германија даде оставка

Откако беше обвинет за тежок финансиски скандал, германскиот претседател Кристијан Вулф даде оставка, со што сериозно го разниша авторитетот на Ангела Меркел.

 Претседателот на Германија даде оставка

Вулф го објави повлекувањето од позицијата во телевизиско обраќање, во кое рекол дека "на Германија и треба претседател кој ќе може комплетно да им се посвети на националните и меѓународни предизвици".

"Развојот на настаните од последните неколку недели покажаа дека довербата во мојата способност да и служам на државата е сериозно разнишана. Затоа не постои никаква можност да останам претседател", изјавил Вулф.

Причина за ваквата одлука на првиот човек на Германија е барањето на обвинителите да му се укине имунитетот заради истрагата околу сомнението дека примал непијавени парични подароци, одел на бесплатни одмори и привилегирал богати бизнисмени. Тоа беше прв пат во историјата на модерна Германија, да се побара укинување имунитет на претседател.

Заради оставката на Вулф, Меркел морала да ја откаже посетата на Рим, а од нејзиниот кабинет најавуваат дека таа се подготвува да даде изјава за скандалот.

Претседателот во Германија има многу мала политичка моќ, но оставката на Вулф претставува значаен удар за канцеларката Меркел, која ја поддржа неговата кандидатура.

52-годишниот Вулф беше вовлечен во скандал кон средината на декември 2011-та година, кога беше објавена информација дека во времето кога бил гувернер на Долна Саксонија добил голем приватен кредит за изградба на неговата куќа.

Аферата уште повеќе се разгоре кога се дозна дека Вулф се обидел да го спречи објавувањето на веста во Билд, јавувајќи му се на уредникот на овој најтиражен германски весник и истурајќи го својот бес врз него.


17. Февруари 2012 - 12:34
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

17
највисока темп.
13
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk