Менинг оди на воен суд |
Менинг оди на воен суд
22-ве обвинителни точки на воен суд го чекаат 24-годишниот војник Бредли Менинг, осомничен во најголемиот случај во историјата на САД за предавање доверливи информации - на Викиликс.
| « врати се назад |

Според одлуката на надлежните на американската армија, Менинг пред воениот суд ќе одговара за наводно предавање на Викиликс на повеќе од 700.000 тајни американски документи и доверлив видео материјал, со цел да бидат објавени.
Меѓу другото, војникот се обвинува и за помагање на непријателот, точка по која доколку биде осуден, ќе добие доживотен затвор. Се уште нема назначено судија во случајот, кој дополнително треба да го одреди и почетокот на судењето.
Одбраната пак е со став дека Менинг воочливо бил млад проблематичен војник, кого армијата воопшто не требала да го испрати во Ирак и да му дозволи пристап до класифициран материјал. Менинг во Ирак бил на должност од крајот на 2009-та до средината на 2010-та.
Војникот од Оклахома беше уапсен во Ирак во мај 2011-та, откако беше пријавен од поранешниот хакер Адриан Ламо, кому тој наводно самиот му се исповедал за својата акција на предавање на документи на Викиликс.
























