Фото на 2011-та |
Фото на 2011-та
Жена како стиска во прегратка повреден маж за време на Арапската пролет е фотографија што World Press Photo ја избра за најдобра за минатата година. И фотките со јапонското цунами доминираат меѓу наградените.
| « врати се назад |

Фотографијата е дело на шпанскиот фотограф Самуел Аранда за Њујорк Тајмс. Аранда го уловил моментот кога за време на демонстраците во Јемен против претседателот Али Абдула Салех, жена згрижува ранет роднина во импровизирана болница. Според жирито, фотографијата многу подетално ја објансува Арапската пролет.
“Победничката фотографија прикажува тажен и милосрден момент, последиците по луѓето од еден огромен настан, што се уште трае. Можеби никогаш нема да дознаеме кои се луѓето на фотографијата, но заедно тие ја отсликуваат храброста на обичните луѓе кои помогнаа да се создаде едно важно поглавје за историјата на Блискиот Исток,“ изјавил Ајдан Суливан од жири комисијата.
Наградата за најдобра фотографија е 10.000 евра, што ќе бидат доделени на Аранда на свечена церемонија.
Цунамито во Јапонија било исто така доста застапена тема на годинашните награди на World Press Photo, при што јапонскиот фотограф Јасујоши Чиба ја освоил првата награда во категоријата “Луѓе во вести,“ за приказ на жена како стои сама држејќи ја дипломата на ќерка си што ја нашла меѓу урнатините.
Од 5.000 пријавени професионалци со повеќе од 100.000 дела, награди освоија 57 фотографи од 24 земји.
























