"Догвил" инспирација за Брејвик? |
"Догвил" инспирација за Брејвик?
Откако дозна дека неговиот филм "Догвил" можеби бил инспирација за масакрот во Норвешка, Ларс фон Трир изјави дека зажалил што воопшто го снимил.
| « врати се назад |

На својот Фејсбук профил, Андерс Беринг Брејвик го ставил филмот со Никол Кидман на својата топ 3 листа, заедно со "300" и "Гладијатор". Она што приказната на "Догвил" ја поврзува со масакрот на островот Утоја е последната сцена од филмот, во која ликот на Кидман наредува да се убијат сите жители на селото.
"Доколку навистина му бил инспирација, тогаш жалам што го направив. Но, јас имав комплетно поинаква намера. 'Догвил' го отвора прашањето дали смееме да оправдаме лик кој му се одмаздува на целото село? Да покажам дека не е се така црно и бело. Моите ставови се сосема спротивни на оние на Брејвик", изјавил данскиот режисер во интервју за Политикен.
Ларс фон Трир беше прогласен за персона нон грата на последното издание на Канскиот филмски фестивал, затоа што на една прес-конференција по повод неговиот нов филм "Меланхолија" даде контроверзна изјава за нацизмот.
„Долго време мислев дека сум Евреин и бев среќен со тоа. Потоа, ја сретнав данско - еврејската режисерка Сузане Биер и не бев толку среќен. Потоа сфатив дека всушност сум нацист. Моето семејство било германско. И тоа малку ме задоволи. Што да кажам? Го разбирам Хитлер... и сочувствувам малку со него,“ одговорил Фон Триер на прашање во врска со неговото германско потекло.
последната сцена од "Догвил"
























