Богатите во иднината |
Богатите во иднината
За пет години најбогатата личност во светот може да биде жена, а просечната возраст на богаташите да изнесува 70 години.
| « врати се назад |

Според анализата во австралискиот сајт SmartCompany, кога станува збор за пари најдобро и се пишува на Џина Ринехарт, австралиската газдарица на 5-та најголема рударска компанија на светот. Нејзиното богатство за пет години “скокна“ од 4 милијарди долари на дури 20 милијарди долари.
Најмалку што може да се очекува е Ринехарт за пет години да тежи барем дупло повеќе од сега, иако според некои прогнози таа наскоро ќе има капитал од 100 милијарди долари и ќе стане најбогатиот човек на Земјата.
Намалување на бројот на богаташи кои се занимаваат со медиумски бизнис и малопродажба, како и се помал број на жени милионерки, се останатите трендови што се регистрираат во австралиската економија.
SmartCompany бележи дека како што медиумскиот простор и малопродажбата продолжуваат да регистрираат промени поттикнати пред се од технологијата, ќе се менува и клубот на милијардери. Според австралиската листа BRW Rich 200 пак, бројот на жени кои влегуваат во најбогатите 200 Австралијци од 17 се намалил на 15 изминатата деценија, и нема знаци дека тој тренд ќе се смени во брзо време.
Судејќи според состојбата во Австралија, постои тенденција и најбогатите да бидат се постари, односно просечната возраст за пет години да изнесува 70 години. Просечната возраст меѓу богаташите во 2011-та била 64 години.
























