Ads

свет

тамбови

Навивачка љубов од 35 милијарди евра

Фудбалските фанови во Европа годишно трошат 35 милијарди евра за да можат да ги гледаат омилените странски клубови. Мора да е љубов.

Бомбаш самоубиец на продажба

Саудиец на аукција си го продал синот за 400.000 долари, за да биде бомбаш самоубиец во Сирија.

Црно и жолто е сè

Новороденчињата од расните и етнички малцинства во САД надминаа една половина од вкупниот број новородени деца, што значи дека на белците црно (и жолто) им се пишува.

Најубавите земји во светот

Земја со најспектакуларни пејзажи е Летонија, сметаат корисници на Пинтерест и Твитер. Во топ 20 влегуваат и Турција и Хрватска, а Македонија е на дури 169-то место.

Бенетон и Ватикан се смирија

Ватикан ја повлече тужбата против Бенетон поради контроверзната реклама на која папата се бакнува со египетскиот имам, ама извојува морална победа.

American Spy

Поранешен агент на ЦИА кој го лоцирал Бин Ладен, ама не добил дозвола да го убие, открива дел од тактиките на американските шпиони. На пример, дека севернокорејски дипломат се придобива со порничи.

€ самрак

Во краток, ама содржаен коментар, нобеловецот Пол Кругман пишува дека еврозоната може да крахира за неколку месеци. По следниот редослед.

Зошто ќе пропадне човештвото

Не затоа што Земјата ќе ја удри астероид, туку затоа што претераната потрошувачка, краткорочното размислување на луѓето и безобѕирната експлоатација заради профит ќе доведат до катастрофа.

Менување пол со плави картони

Аргентина усвои закон кој на граѓаните им дава право на бесплатна промена на полот. Плус можат во документи да се декларираат како женско, а да си ја задржат „опремата“.

Плажите на Хаваи исчезнуваат?

Полека снемува поголем дел од плажите на некои од најпосетените острови на Хавате, тврдат надлежните од САД.

Ганџа-кафана

Ресторан во Орегон на муштериите им служи јадења со марихуана, ама само ако имаат здравствени проблеми и дозвола за користење медицински канабис.

Олимписко машала бротче

Што имаат заедничко Џими Хендрикс, шминкањето на актерите во студио Пајнвуд и џандарите од викторијанската епоха? Олимпијадата во Лондон.

Топ дестинации за 2012-та

Градот домаќин на Летните олимписки игри е прв на листата најдобри дестинации во светот за оваа година, што традиционално ја објавува TripAdvisor. Од САД, најдобро котира Њујорк.

Say cheetah!

Кога една Шкотланѓанка ја нападнале гепарди во резерват, нејзиниот сопруг го направил првото нешто што би го направил секој добар сопруг сеирџија - се фатил за апаратот.

Рецепт против невработеност

Младите од многу европски земји дремат дома без работа, без разлика што имаат куп дипломи. Во Германија не е така. Еве зошто.

Разгледница од Хитлер

Во Минхен е пронајдена разгледница на Адолф Хитлер од 1916-та година, напишана додека закрепнувал од повредите добиени на фронтот.

Вселенски рудари

Ако сте невработени, размислете да се пријавите на огласот за работа за рудари. Не во САСА. Во НАСА.

Заложничка драма заради дозвола

Лондонската полиција го уапси мажот што приреди вистинска заложничка драма сред центарот на Лондон, од бес што два пати паднал на возачки испит.

Египет ќе легализира некрофилија

Египетските власти планираат нов закон со кој му се дозволува на мажот да спие со мртвата сопруга до 6 часа по нејзината смрт, јавуваат египетските медиуми.

Не го пуштај во Украина

Холандска реклама им порачува на жените: не ги пуштајте мажите на европско, Украинките ќе ви ги ќарат. Нормално, Украинците побеснеа и бараат рекламата да се забрани.

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

17
највисока темп.
13
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk