Ads

македонија

тамбови

Убијците на рибарите се радикални исламисти

Дваесетмината приведени во операцијата „Монструм“ се радикални исламисти, чии мотиви за петкратното убиство кај Смиљковци сè уште не му се познати на МВР, пренесува Нетпрес. Меѓу уапсените се и егзекуторите на петмината рибари. + 2 видео снимки од акцијата  

Македонци заслужни за 2 Оскари

„Rango” и „The Artist” делумно својот успех на Оскарите им го должат на Македонци. Да, баш така, Македонци! На првиот, кој што беше прогласен за најдобар анимиран филм, работеа дечките од FX3X, додека на вториот, кој освен што доби Оскар за филм на годината беше награден и за најдобар саундтрак, како оркестратор работел нашиот Владимир Николов. Риспект!!!

Почина Киро Глигоров

Во својот дом во Скопје, на 94-годишна возраст почина Киро Глигоров, првиот Претседател на Република Македонија.

Македонија 78-ма во општествен развој

Македонија се најде последна меѓу соседите во категоријата “висок општествен развој“ според извештајот на УНДП за 2011-та. Највисоко на табелата од 187 земји е Норвешка, а на дното Конго.

75 години крпен живот

Меѓу 222 земји Македонија е на 88-мо место според животниот век, со просек од нешто над 75 години, покажуваат анализите на ЦИА, според кои најдолго се живее во Монако, а најкратко во Ангола која се уште закрепнува од 27-годишната граѓанска војна.

Македонија во манифестот на Брејвик

Во "2083 - Европска декларација за независност", Андерс Беринг Брејвик често пати ја спомнува Македонија, претежно зборувајќи за конфликтот од 2001-ва година а ВМРО-НП ја издвојува како претставник на десничарски партии.

Празни џепови а полни стомаци

Македонската плата е убедливо најмала во целиот регион а сепак, само таа обезбедува полнење на стандардната потрошувачка кошница а останувало и нешто за штедење. Објаснувањето лежи во цената на храната која е најниска во Европа.

Во фудбал сме 85-ти

Според конкурентноста на државите во дигиталната економија, во друштво од 138 земји, Македонија се најде на 72-то место, стои во извештајот на Светскиот економски форум, на чија листа на врвот се најдоа нордиските и азиските нации.

Вулкански прав и над Македонија

Во текот на денот постои веројатност крајните делови од облакот од вулканска прашина во слабо изразена форма да се прошират и преку северните делови од Македонија, посочи Управата за хидрометеоролошки работи.

Македонија во State

"Историјата и културата на Македонија предизвикуваат постојани дебати на Балканот. Голем број од Бугарите не го признаваат македнскиот јазик како различен од бугарскиот; голем број од Србите ја отфрлаат независноста на Македонската православна црква; а - најспорното од се - Грција не го признава името на земјата."

На Македонците масовно им се одмора

Цели 73% од граѓаните на Република Македонија годинава планираат да одат на одмор. На општа разочараност на Охриѓани, меѓу Скопјани оваа бројка изнесува цели 86 проценти.

Разоткривање во два чекора

Тутуно-производителите, како никогаш досега, заработија од производството на тутун. Откупната цена достигна во просек по 194 денари за килограм, а откупувачите добија квалитетен тутун.

Државата за нив ќе исплати и субвенција од 60 денари.

Титлувајте македонски

Советот за радиодифузија им даде рок на кабелските оператори до 4-ти јануари да ги избришат сите странски преводи и да обезбедат превод на македонски јазик на сите странски програми.

Мадона го потона Илинден!?

Божјиот гнев заради концертот на Мадона ја предизвика трагедијата во Охрид, порачал пловдивскиот митрополит Николај, за време на неделната миса што ја служеше во спомен на бугарските туристи кои во саботата ги загубија животите во бродската несреќа.

Дојран го возвраќа ударот

На најголемиот душман на дојранскиот туризам (после човечкиот фактор) конечно ќе му се доака. После цели 15 години во кои  безгрижно ни ја цицаа крвта, во Дојран ќе се прска против комарци! Алелеуја!!!

Македонија, оаза на ќотекот

Со 4 милиони жители и 40 милиони овци, Нов Зеланд и официјално е најмирољубивата држава на светот. Со 2,5 милиони Македонци, Албанци и слично, Македонија е 88-ма по мирољубивост во светот. Според списокот, побезбедно е да шпарташ низ Боцвана, Мозамбик, Замбија и Танзанија, отколку да го пројдеш Блаце.

Добро, што не е јасно?

Бидејќи сме колективно фрустрирани од фактот што Грците со години успеваат да не дрват и патем да ги убедат сите останати да се држат до нивната агенда (Бан Ки Мун: прво името па се друго), предлагам да се навратиме на еден извештај од 1994 година. Нашиве нека им го испринтаат на демек зачудените странци, нека им го дадат и нека прашаат: Добро, што не е јасно?

Браво за Нацоски, респект за Ремондино

Благој Нацоски пријателите го познаваат како добар човек кој, патем, многу правел за Македонија (што приватно, што професионално). Во музичкиот свет, Благој Нацоски го познаваат како одличен тенор од светски ранг. Од друга страна, Енио Ремондино е познат новинар на РАИ кој известува од Балканот. Добар новинар со една, за нас, многу непријатна навика - да не нарекува славобугари. Нацоски и Ремондино случајно се среќаваат на скопскиот аеродром. Нацоски фино го поткачува Ремондино. Ремондино не ја премолчува случката и во следниот извештај го пишува ова:

Кичевскиот убиец си пресуди сам на себе

Кичевчанецот Владо Таневски, за кој постоеше сомневање дека е сторител на неколку убиства во Кичево, извршил самоубиство во затворот во Тетово, каде издржуваше притвор од 30 дена.

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

17
највисока темп.
13
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk