Ads

И Твитер ви краде податоци

И Твитер ви краде податоци

Твитер призна дека копирал цели именици од смартфоните и ги складирал информациите на своите сервери без да знаат корисниците.

И Твитер ви краде податоци

Пристапот до именикот се активира кога корисникот кликнува на опцијата „пронајди пријател“ на апликацијата за смартфоните.

Двајца американски конгресмени побараа од Епл да објасни зошто на своите смартфони дозволува пракса која е спротивна на правилникот за програмирање апликации.

Твитер соопшти дека ќе внесе измени во политиката за приватност, за да ја разјасни ситуацијата.

„Сакаме да бидеме јасни и транспарентни во нашата комуникација со корисниците. Во следните апликации кои ќе пристигнат наскоро, ќе го промениме јазикот поврзан со опцијата ‘пронајди пријател’ за да бидеме појасни“, изјави Каролин Пенер, портпаролката на Твитер.

Податоци од имениците на корисниците собираат и Фејсбук и другите социјални мрежи, со образложение дека ги користат само за идентификација на пријатели кои користат исти услуги, и сметаат дека корисниците се известени за тоа.

И покрај ваквите тврдења, понекогаш се случува податоците да се земаат без знаење на корисникот и без известување колку долго ќе се чуваат на серверите.

Лос Анџелес Тајмс пишува дека апликациите за смартфон ги копираат имениците и ги чуваат 18 месеци.


16. Февруари 2012 - 14:39
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

17
највисока темп.
13
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk