Ads

Твитер трпи сè

Твитер трпи сè

Од 200 милиони твитови кои секој ден се објавуваат на Твитер, едвај една третина вредат да бидат прочитани. Сè друго е чисто смарање.

Твитер трпи сè

Корисниците на Твитер признаваат дека најмногу ги нервираат твитови со премногу хаштагови, со извештаи за тоа каде и со кого е корисникот и пораки во кои некој се жали и кука заради нешто.

Истражувачите од универзитетот Карнеги Мелон од Питсбург и технолошките институти во Џорџија и Масачусетс, побарале од 1.500 корисници на Твитер да оценат 43.738 твитови објавени од 21.000 луѓе.

Само 36% од пораките биле оценети како вредни за читање, 25% како твитови кои не вредаат ни да се погледнат а сите останати биле оценети како индиферентни. Со други зборови, огромно мнозинство на твитерџии само џабе  го трошат своето и времето на другите.

Најмногу критики добиле твитовите објавени како разговор помеѓу двајца корисници, јавните изразувања чувства и смарањето со моменталната активност.

Авторите на студијата ги изненадил фактот што на испитаниците им се допаѓале себе-промотивните твитови, кои се честа пракса за познатите луѓе.


2. Февруари 2012 - 22:02
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

17
највисока темп.
13
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk