Ads

Твитер почнува со цензура

Твитер почнува со цензура

Лошо: Твитер oтсега селективно ќе брише твитови на барање на одрeдени светски влади. Утешно: Избришаните твитови ќе бидат видливи за остатокот од светот.

Твитер почнува со цензура

Станува збор за многу драстичен потег, бидејќи сè досега единствен начин на кој Твитер можеше да им се покори на рестрикциите во одредени земји, беше преку бришење на контентот глобално.

Од компанијата велат дека отсега ќе бришат твитови само доколку има реакции од властите, а корисникот кој бил цензуриран ќе биде известен за причините.

"Ќе продолжиме да ја одбраниме слободата на говорот и ќе дадеме сè од себе да не бришеме твитови. И да се разбереме, ова не значи промена на нашата филозофија и сè уште ќе има земји во кои нема да одиме", изјавила портпаролката на Твитер, Џоди Олсон.

Како пример за земји кои ќе бидат подложни на цензура, спомнати се Германија и Франција, кои забрануваат про-нацистичка содржина. Таму Твитер ќе ги цензурира само таквите твитови.

Меѓу другото, Олсон напоменала и дека постојат земји кои толку ја задушуваат слободата на говорот, што Твитер едноставно не може да функционира таму. Иако од компанијата ветуваат дека ќе продолжат да го бранат и почитуваат гласот на корисникот, еден независен набљудувач тврди дека станува збор за класична цензура.

"Твитер не е над законот. Во случај на владин налог, компанијата има само 2 опции: да одбие и да ризикува блокада на сервисот или да се покори, односно да цензурира", коментира Џилијан Јорк, директор на меѓународната фондација за слобода на говорот, Електроник Фронтиер. 

Одлуката на Твитер да цензурира содржина значи напуштање на политиката од пред 1 година, кога анти-владините протести во Тунис, Египет и другите арапски земји беа координирани токму преку социјалните мрежи.

Новата промена на правилата доаѓа во време кога интернет компаниите, како Гугл и Фејсбук се во конфликт со странските влади, околу слободата на говорот и проблемите со приватноста на корисниците.  


27. Јануари 2012 - 10:51
Ads

Изјава

Нашето тело е само привремен брод со кој плови нашата вечна душа. Секој од нас е продолжение на моќта која го создала целиот универзум, без разлика на која дрога моментално се наоѓаме."
Ru Paul

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

Поради досега најголем интерес за концерт во последно време (повеќе и од концертот на Сантана на градски стадион во 2009-та) влезниците за концертот на Duran Duran ќе бидат пуштени во продажба пред време.

Миленикот на македонската сеирџиска комуна, Амди Бајрам, после долго време се врати со нов, и те каков бисер: „Припаѓам према црнците”!

Професорка држи часови по корејски јазик (најверојатно негде во Америка). И сè било ОК, сè додека не дошла до моментот кога требала да објасни како се преведува реченицата: Дали имате Кока? Хи хи, срцка!

трач мантра

Ако една загушлива и влажна ноќ некаква експлозија во градите го прекине твојот сон, вклучиш радио и слушнеш како спикерот ти зборува дека Летонија ќе го подржи македонското членство во НАТО, како девојче со леукемија самото си ги купува скапите лекови и како пет веледрогерии се наоѓаат под истражна инспекторска лупа...

Ако не ја убеди да се фати со него, барем стана популарен со видеово. Се надеваме дека за 15-20 години нема да го прави истото, зашто нема да изгледа вака слатко.

Овие тројца (уствари двајца) учесници на украинскиот „Јас имам талент” буквално нè оставија без зборови, со подзината уста и раце на глава. Одма клик на повеќе.

Се обраќам до Вашиот медиум со надеж дека писмово ќе биде во целост објавено. Како повеќегодишен хероински зависник кој повеќе пати пробувал да го остави хероинот, бев пресреќен кога на телевизија дознав дека и во Македонија е донесен лекот бупренорфин, за кој имав претходно читано на интернет.

I have never song sing... Im also gay, I love mens... Не, не колку и да се трудиме нема да може да ви го објасниме тоа што Калиопи сака да го каже затоа слушнете сами!

14
највисока темп.
7
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk