Ads

Со Црн Март против ACTA

Со Црн Март против ACTA

Во знак на протест против SOPA/PIPA и ACTA, хактивистичката група Анонимус повикува на операција „Црн Март”, која подразбира општ мартовски бојкот на купување книги, музика, игрици и филмови. +копија од договорот ACTA на хрватски јазик

Со Црн Март против ACTA

Во извештаите на големите компании, март претствува крај на првиот квартал во годината, а намалениот профит во тој месец би ги удрил фирмите таму каде што најмногу ги боли, по профитот.

„Немојте да купите ниту едно ЦД, не превземајте ниту една песна, легално или илегално. Немојте да изгледате ниту еден филм во кино, а заборавете и на неговата копија. Не купувајте ДВД-а, игрици, книги или магазини по дуќаните”, објавиле Аноноимуси во свое видео.

Тие препорачуваат воздржување се до април, бидејќи 4-неделниот бојкот ќе остави длабока дупка во профитот на медиумите и филмските компании, кои заработуваат на сметка на авторската содржина.

„Економскиот удар ќе го почувствуваат владите ширум светот”, порачуваат озлогласените хакери.

Протестот повторно е насочен против контроверзниот договор ACTA, кој начелно се бори против пиратеријата, но претставува голема закана за елементарните слободи на интернет корисниците.

Хрватскиот портал Index.hr, го објави во целост овој договор преведен на хрватски јазик. Клик овде

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.

21. Февруари 2012 - 20:37
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

17
највисока темп.
13
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk