Прирачник за примерни интернет граѓани |
Прирачник за примерни интернет граѓани
"Не е доволно само да не се трола", вели Алан Хенри од Lifehacker, кој составил неколку правила за примерно онлајн граѓанство.
| « врати се назад |

Интернетот на сите ни дава можност да го кажеме тоа што го мислиме и тоа е неверојатно моќно, но со моќта доаѓа и одговорноста, пишува Хенри во својата колумна. Според него, примерен жител на интернетот е нешто многу повеќе од човек кој не ги вознемирува другите.
Што значи да се биде интернет граѓанин?
Државјанинот на интернет, како и припадникот на која било држава или нација (па дури и помала група), има свои права, привилегии и одговорности. Како корисници на интернет, повеќето од нас користат ги правата за самоизразувње и слободен проток на информации.
Сепак, со тие права доаѓаат и некакви одговорности. Не ја заслужувате дневната доза на смешни видеа на Јутјуб, само затоа што не тролате на Фејсбук и не пишувате запалливи коментари на нечиј блог. Морате да дадете нешто и за возврат.
Ваша должност е интернетот да го направите подобро место, нагласува Хенри. Тој медиум на сите ни дава моќ да зборуваме отворено и најчесто анонимно, но тоа ја повлекува вашата одговорност. Гледајте на тоа на следниов начин: луѓето често пати велат дека не треба да се жалите на власта, ако не го користите своето гласачко право и можноста да ја промените власта кога ќе добиете можност за тоа.
Истото важи и на интернет.
Ангажирајте се
Сложувањето со нечиј став секако е убаво и добродојдено. Но, уште подобар е конструктивниот став на несогласување полн со почитување. Никој не може да напредува, ако сите се согласуваат со него. Активното учество со свое мислење, со понудени алтернативи и гледишта (дури и кога не се согласувате), се клучна карактеристика на добриот интернет граѓанин.
Не фаќајте се за негативното
Од кога постои интернетот, постои и дебатата дали тонот кој преовладува е премногу негативен. Ако не сте задоволни со начинот на кој се објавуваат коментари на вашиот омилен блог или тонот на политичката дискусија на омилените веб страни, не се нервирајте. Бидете умерени и држете ја главата ладна. Напишете што мислите, можеби вашиот коментар ќе го промени текот на дискусијата. Кога ќе се соочите со негативен коментар упатен лично кон вас, не се фаќајте на замката.
Запомнете: зад секоја тастатура седи личност слична на вас
Сетете се дека имате работа со вистински луѓе, а не само со букви на мониторот. Затоа однесувајте се онака како што би се однесувале во вистинскиот живот. Обидете се да ја почитувате приватноста на другите и да им ги простите грешките. Го нема секој вашето искуство, вашите квалификации и вашиот поглед на свет.
Не плашете се да кажете што мислите
Можеби дури и гласно, доколку е неопходно. Но, бидете промислени. Имајте го на ум златното правило, "Не правете им го на другите тоа, што не сакате да ви го прават вам".
Пред да влезете во дискусија, запознајте се со заедницата
Во некои случаи од ваша корист е некое време прво само да „демнете”, бар додека да ги научите финтите, начинот на изразување и неформалните правила на однесување.
Запомнете, ѝ се обраќате на приватна заедница, пред да почнете да се жалите на цензура или на гушење на „слободата на говор”, сетете се кое од вашите граѓански права важи на одредени места. 
Вратете на лесен начин
Заштитете ја својата содржина преку Creative Commons, со отворена можност за линкање или цитирање, дури разгледајте ја можноста да употребите и open source. И кога нудите некој проект од кој се надевате дека ќе заработите пари, охрабрете ги луѓето да го користат, да го наведат изворот и да ја шират вашата идеја.
Синтетизирајте и делете ги сопствените идеи
Застанете на другата страна од масата и станете креатор на содржината, наместо корисник. Со тоа ќе ги охрабрите другите автори да продолжат да ги нудат нивните видеа, статии и други медиуми. Не мора да отворите блог за да го направите тоа, иако тоа е еден од начините. Приклучете се на некоја социјална мрежа, покренете Фејсбук страна, направете го вашиот профил на Пинтерест јавен.
Бидете активни во прашањата кои се однесуваат на интернетот
Ова е обрвска која треба сериозно да ја сфатите. Било да учествувате во кампања против законите како SOPA и PIPA, да го проучувате договорот ACTA, важно е да отворите 4 очи и да останете вклучени.
Интернетот е ентитет кој постојано се менува и брзо се развива. Прво прашање е дали, од ваша перспектива, тие промени се позитивни или негативни. Многу групи лобираат кај владите ширум светот интернетот да го преобликуваат во платформа која ќе одговара на нивните интереси. Ваше е да одлучите како ќе реагирате.
Секоја заедница има различни правила, секоја платформа различни услови, а секој државјанин свои права. Ако сакате да бидете примерен граѓанин на интернет, најдобро е да се информирате какви права имате на сервисите кои ги користите, да возвратите со онаа мера која ви одговара, да бидете позитивни и креативни, да имате на ум дека интернетот е низа меѓусебно поврзани компјутерски системи и да се вклучувате во заштита на мрежата која ја сакате и на која секојдневно се потпирате.
























