Ads

Плима во Пиратскиот залив

Плима во Пиратскиот залив

По долгата правна борба, Пиратскиот залив најде начин да се спаси од досадните чувари на авторски права и да продолжи со споделување фајлови.

Плима во Пиратскиот залив

На 29 февруари Пиратскиот залив ќе направи промена што на прв поглед изгледа шокантно: сите торенти хостирани директно од сајтот што ги споделиле повеќе од 10 корисници ќе бидат избришани.

Ваквата промена сепак не е толку опасна како што изгледа и суштински не го менува моделот на сајтот.

Пиратскиот залив ќе продолжи да хостира од т.н. магнетни линкови, што според администраторите на сајтот е „чекор напред во технологијата“.

Сите торенти од Пиратскиот залив сега се достапни како фајл од 90 мега, кој може лесно да се искористи за поставување на нов торент сајт. По новата шема, корисниците ќе можат да хостираат бесплатни прокси сервери за Пиратскиот залив, и со тоа ќе се избегнат сите обиди за гасење на страната, блокирање на фајрвол или рестрикции од провајдерите.

Во суштина, ќе биде невозможно РИАА или МПАА да гонат луѓе за споделување фајлови и новата технологија ќе ги принуди овие организации да престанат со традиционалните репресивни мерки.


15. Февруари 2012 - 13:19
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

17
највисока темп.
13
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk