Ads

интернет

тамбови

Анонимуси: Не го хакиравме Pirate Bay

„Да, Pirate Bay е урнат. Да, сајтот е под DDoS напад. Не, не знаеме кој го сторил тоа,“ одговорија Анонимуси на сомнежите дека стоеле зад хакирањето на шведскиот сајт за споделување фајлови.

интервју

Анонимуси се најмоќни во светот

Кристофер Дојон (познат како Командант Икс), учесник во најважните акции на Анонимус, кој во моментов се наоѓа во бегство во Канада, во интервју зборува за моќта на хакерската организација, онлајн активизмот и важноста на информациите.

Компјутерски гуру без интернет

Основачот на Епл, Стив Возниак, дома нема интернет. И ќе беше во потполн информативен мрак, да немаше смартфон.

Нема ACTA во ЕУ

Европската Унија најверојатно нема да ја ратификува ACTA, изјави Нели Крус, потпретседателка на Еропската комисија и комесар за дигитални работи.

На Фејсбук сите лажат

Како наједноставно корисниците ја заштитуваат својата приватност на Фејсбук? Лажат. Оние малку поштењачини, можат и да научат нешто од текстов.

Религиските сајтови поопасни од порнографските

Според извештајот за онлајн безбедност на Symantec, поголема е веројатноста да закачите вирус ако сурфате на религиски, отколку на порно сајт.

Британскиот суд му направи услуга на Pirate Bay

Веста дека Британија ќе го забрани Pirate Bay, резултирала со зголемување на популарноста на бит торент порталот за цели 12 милиони посети. И тоа за само еден ден.

Кој те бара на Гугл

Интернет страница им овозможува на корисниците да дознаат кој потенцијален работодавач ги барал на Гугл.

Webby Awards 2012-та

Личност на годината е Луис Ц.К., најуметник Бјорк, Инстаграм триумфира во категоријата „пробив на годината“, а за најдобар владин сајт на годинашните онлајн Оскари е избран NASA.gov.

Британија го блокира Pirate bay

Британските интернет провајдери мора да го блокираат пристапот до Pirate Bay, наредија судските власти. Дали САД се следни?

CISPA помина во американскиот Конгрес

И покрај сите критики дека е бетер од SOPA и ACTA, петициите со стотици илјади потписи и предупредувањето на Обама дека ќе стави вето, американските конгресмени го изгласаа контроверзниот закон за интернет безбедност.

Како Фејсбук ви го менува животот

Како што му се зголемува влијанието, така научниците го истражуваат Фејсбук сè посериозно. Дел од заклучоците: Фејсбук прави да мислите дека сте дебели, ама ве прави и подобри работници.

И Википедија има Алија Сиротановиќ

Уредникот на Википедија кој има прегледано најмногу статии, со ударничка работа го надмина бројот од 1 милион прегледани статии, или во просек по 385 на ден.

Википедија греши 60%

Пред да почнете да ја спремате дипломската со помош на онлајн енциклопедијата, подобро прочитајте ја статијава.

Најлоши статуси на Фејсбук

Добро, знаеме дека ги има еден куп и не може да ги собереме сите на едно место. Ама може да ги сместиме во неколку категории.

Најлошо до сега

И Сергеј Брин, еден од основачите на Гугл, им се придружи на оние што сметаат дека дека интернетот се соочува со најголемата закана до сега, а слободата на изразување никогаш не била позагрозена.

Ако е реклама, нека е онлајн

Потрошувачите сè повеќе веруваат во реклами објавени онлајн, а сè помалку на она што се рекламира по весници и телевизии.

Анонимуси удрија по американскиот телеком

Хакерите од Анонимус ги нападнаа страниците на US Telecom и Tech America, како одмазда за поддршката на новиот предлог закон за интернет безбедност.

Ќе го уништи ли Фејсбук Инстаграм?

„Кодак банкротираше, а Инстаграм вреди милијарда долари. Добро дојдовте во 2012-та година”, реагира светската јавност која воопшто не е воодушевена од новата зделка на Фејсбук.

Фејсбук го купува Инстаграм

Mилијарда долари ќе потроши Фејсбук за купување на популарната апликација за споделување на фотографии, Инстаграм.

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

17
највисока темп.
13
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk