За луксузот нема зима |
За луксузот нема зима
И покрај кризата, луксузните производи оделе како алва во 2011-та, благодарение на новопечените богаташи од Бразил, Индонезија и Кина.
| « врати се назад |

Новите милионери и милијардери од земјите во развој се најзаслужни што луѓето од Прада, Гучи, и Хермес не можат да се пожалат на бизнисот, пишува Вол Стрит Журнал.
Продажбата на Прада пораснала за 33,1%, на Херемс за 18%, ЛВМХ регистрирала раст на продажбата од 20%, а ППР (под чија капа е Гучи) 22,1% и има намера да отвори 110 нови продавници годинава, од кои половина ќе бидат во Азија.
“Среќни сме што работиме во сектор кој стана многу интернационален. На азиските пазари има позитивен тренд и тој веројатно ќе продолжи и наредните 10 години,“ изјавил ЦЕО-то на ППР, во чија сопственост се и луксузните брендови Ив Сен Лоран, Баленсијага и Ботега Венета.
За некои од брендираните производи побарувачката е толку голема што компаниите не можат да постигнат да им излезат во пресрет на сите муштерии. Во Хермес на пример имале проблем да направат доволен број чанти Биркин и Кели, а ЛВМХ мака мачеле да произведат доволно коњак.
























