Состанок “од нога“ |
Состанок “од нога“
Аут: Деловни состаноци на огромни маси и дрдорење со часови. Ин: Петминутни, деловни состаноци на стоење.
| « врати се назад |

Ваквата пракса станува сè поактуелна, посебно во технолошките компании, бележи Вол Стрит Журнал. Состаноците од ваков тип се многу кратки (најчесто до 5 минути) при што учесниците немаат можност да зборуваат со часови а всушност да не кажат ништо паметно.
Овие состаноци се прават со цел вработените да бидат куси и јасни во изнесување на своите идеи, што ќе придонесе за продуктивност на компанијата, а не за време на деловните средби да си играат игрици со телефоните под маса. Исклучоци од правилото за седење се прават само за болни, повредени и бремени жени.
Студии покажуваат дека состаноците на стоење иако траат пократко од состаноците со седење, даваат ист квалитет. Работите се забрзуваат и ако состаноците се одржуваат пред паузата за ручек. Оби Фернандез од софтверската компанија Hashrocket, раскажува дека во неговата фирма за време на состаноците “од нога,“ учесниците меѓу себе си подаваат медицинска топка.
Ален Блудорн, професор по бизнис на Универзитетот Мисури, тврди дека ваквите состаноците не се нешто ново, туку дека биле практикувани и за време на Втората светска војна. Сега, владеење мислење дека во технолошките компании седењето е синоним за мрзливост.
























