Графит му се позлатил |
Графит му се позлатил
Дејвид Чои е уметник кој бил ангажиран да нацрта графити во првите канцеларии на Фејсбук. Иако тогаш мислел дека сајтот е тешка глупост, сепак се согласил наместо пари да добие акции. Останатото е историја!
| « врати се назад |

Американецот со корејско потекло, кој некогаш живеел како бездомник, во 2005-та година добил понуда да ги украси ѕидовите на првото претставништво на Фејсбук во Пало Алто.
Кога Шон Паркер му понудил акции наместо хонорар од неколку илјади долари, тој се одлучил за она првото, иако мислел дека идејата за социјалниот сајт е смешна и бесмислена. 7 години подоцна, таа негова одлука се покажа како повеќе од вистинска. 
Откако Марк Закерберг одлучи јавно да ги понуди акциите на компанијата, вредноста на акциите кои ги поседува уметникот пораснала на неверојатни 200 милиони долари.
Чои неодамна повторно чкртал по ѕидовите на компанијата, а стана познат откако ја направи илустрацијата за албумот "Collision Course" на Jay-Z и Linking Park. Тој е автор и на еден многу познат постер за претседателската кампања на Барак Обама, за кој велат дека стои закачен на ѕид во Белата Куќа.
За разлика од него, некогашниот цимер на Закерберг, Џои Грин ја одбил поканата на Марк да го напушти факултетот и да учествува во создавањето на Фејсбук. Таа негова грешка е проценета на околу 400 милиони долари.
























