Ads

бизнис

тамбови

Angry аccessories

После Angry Birds маички, стрипови, кадифени играчки и 1 милијарда даунлодирања на игрицата, следува нешто за клиентела со малку подлабок џеб - Angry Birds накит.

Фејсбук на Берза

Фејсбук денес ќе дознае колку статусите по „ѕидовите“, фотките и милијардите лајкови вредат на Вол Стрит.

И многу добро, не е добро

На Норвешка и Шведска на економски план толку супер им оди и имаат толку многу пари во државната каса, што веќе почна да станува многу штетно за нив. Ама најсериозно.

Седумте смртни кредитни гревови

Можеби нема да горите во пеколот ако направите некој од овие гревови, ама затоа џебот сигурно ќе ви изгори. После да не речете дека не сте знаеле.

Фејсбук ќе почека за Инстаграм?

Истрага на регулаторите на САД може да ја одложи продажбата на Инстраграм на Фејсбук. На социјалната мрежа пак и се брзаше да го склучи договорот пред да излезе на Берза.

Фејсбук се исплати

Ворен Бафет предупредуваше дека инвестирањето во Фејсбук не е паметен потег. Руски богаташ во пракса го покажа спротивното: во Фејсбук вложил 300 милиони долари, а сега има 4,5 милијарди.

Кругман: Гласачите помудри од лидерите

Нобеловецот им аплаудира на гласачите од Франција и Грција за изборните резултати, заклучувајќи дека Европа конечно сфаќа дека стратегијата со штедење не ја бива.

Не се знае колку вреди Фејсбук

Избегнувајте купување акции на компании како Фејсбук, затоа што е многу тешко да се оцени нивната реална вредност, предупредува Ворен Бафет.

Богаташите за 17 милијарди посиромашни

40-мина најбогати во светот минатата недела загубија точно 17 милијарди долари на берза, најголемиот седмичен пад годинава. Карлос Слим се извлече.

Најсигурни банки во светот

Сингапурската Oversea-Chinese Banking Corp е најсигурната светска банка, според листата на Блумберг. Меѓу првите десет нема ниедна американска.

Големата бренд десетка

Вистински потрошувачки избор всушност не ни постои, затоа што грото производи кои се купуваат низ светот се под контролата на само 10 големи компании.

Музеј каде се учи како да станеш богат

Покрај музеите на наука, историја, индустрија, археологија и останати, од 25-ти мај во Италија се отвора и Музеј на заштедa. Прв таков во Европа.

И после они за еднаквост

Британската невладина Комисија за еднаквост и човекови права (EHRC) призна дека во самата организација мажите земаат поголема плата од жените.

277 милиони фунти за отпремнина

Во период од 7 години, за отпремнини на вработените Би Би Си издвоила дури 277 милиони фунти, или во просек по 46.200 фунти по вработен.

Место каде се остваруваат долгови

Иако Дизниленд го посетиле два пати повеќе луѓе отколку Лувр или Ајфеловата Кула, паркот во Париз 20-от роденден го дочека со долг од скоро 2 милијарди евра.

Ем ѕвезди, ем претприемачи

Рудници за дијаманти, фарми, компании за детски производи и за стриптиз шипки се дел од бизнисите со кои се занимаваат луѓе како Клинт Иствуд, Ејкон, Кармен Електра, Џастин Тимберлејк, Џесика Алба...

Вишокот тестостерон причина за кризата

Светот би бил далеку поубаво место доколку финансиските пазари им се препуштат на жените. Или барем на постарите мажи.

Кинески автори го тужат Епл

Група кинески автори го обвини Епл дека ги прекршува авторските права и незаконски ги продава нивните дела.

Директорот на Голдман Сакс даде отказ

Грег Смит, извршниот директор на лондонската подружница на Голдман Сакс ја шокираше јавноста со веста за заминувањето и жестоките обвинувања што ги изнесе на сметка на банката.

Најмладите милијардери

Моментално најмладиот милијардер во светот има 27 години и на Закерберг му “бега“ за осум дена. Меѓу 10-те најмлади богаташи во светот само една е девојка, а има и еден новајлија.

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
15
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk