Ads

Или бенефиции, или златен ѓердан

Или бенефиции, или златен ѓердан

Романија нема да исплаќа бенефиции на граѓани кои носат златен накит и крзнени палта или по дома имаат некое уметничко дело.

Или бенефиции, или златен ѓердан

Според одлуките на Одделот за труд и пензии, лицата кои побаруваат какви било државни бенефиции а поседуваат накит, повеќе од 100 грама злато, порцелански или кристални предмети, вредни слики и слично, ќе бидат одбиени, објавува Дејли Меил.

Сепак, останува на луѓето да признаат или не дали имаат нешто од наведеното, или евентуално да се види на лице место при пополнување на формуларот за бенефиции. Во спротивно, властите ќе мора да им веруваат на збор на граѓаните.

Наводно најмногу одбиени за бенефиции имало меѓу Ромите, кои се појавувале во институциите со златен накит. Групите за заштита на Ромите се побуниле дека законот е дискриминирачки, објансувајќи дека златниот накит кај нив се предавал со генерации и бил културен симбол што не требал да се крие.


2. Февруари 2012 - 14:35
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
15
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk