Ads

балкан

тамбови

Во Грција ќе владеат калашникови?

„Доколку Грција не ги исполни своите обврски кон ЕУ, ќе завладеат вооружените банди. Ќе завршиме во граѓанска војна”, предупредува грчкиот министер за заштита на граѓаните.

Сеќавање на Младиќ

На првиот ден од судењето на Ратко Младиќ, репортер на БиБиСи се потсетува на првата средба со осуденикот од 1992-ра, кога генералот (нема да ви се верува што) му рекол: „Сонувам за свет во мир“.

Украл кола сосе две деца

Сараевчанец се намерачил на паркирана кола и како секој поштен лопов си влегол, ја запалил и тргнал. Ама не му текнало прво да провери дали има проблематичен багаж.

Грција не ѝ дава ѓеврек на Турција

Грција си најде причина за уште еден спор со Турција. Овој пат се натегаат околу ѓеврекот.

Изгледа не е доволно скапо

Kога бираат од која бензинска пумпа ќе полнат гориво, на српските возачи не им е најважна цената.

Грк за Грк, сирење за јога

За пазарење во грчкиот град Волос не се потребни евра, зошто жителите се вратија на добрата, стара и проверена трампа.

Во Белград најден Сезан од 100 милиони евра

Во полициска акција во Белград, пронајдена е слика од Пол Сезан вредна 100 милиони евра.

Хомо балканикус

Мускулести, новопечени богаташи кои сакаат секс бомби, го искористија хаосот во своите земји и на различни начини дојдоа до богатство, ја опишуваат научниците новата елита мажи од Балканот.

Хрватска го олабавува законот за пушење

Можно е набрзо пак да се пуши во рестораните во Хрватска, најавила тамошната влада на Твитер, одговарајќи на критиките за строгиот закон за пушење.

Проститутки од милијарда евра

Проституцијата е најисплатливиот криминален сектор во Бугарија, кој што на дамите на ноќта годишно им носи дури 1,46 милијарди евра. Податоците се од периодот по приемот на Бугарија во ЕУ.

Босна против фотокопирот

Босанските власти почнаа да прават рации во фотокопирници и да запленуваат копирани книги. Мотив: законот за заштита на авторски права.

Грците се враќаат во село

Откако рецесијата им го направи животот во град неподнослив, дури 1,5 милион Грци решиле да бараат подобар живот на село.

Пендрек за хомосексуалците

По најавите за одржување на прва геј парада во Тирана, албанскиот министер за одбрана порачува: ќотек за хомосексуалците!

Предизборен Survivor молк

Изборите во Србија би можеле да го укинат реалното шоу „VIP Survivor”, затоа што еден од натпреварувачите е политичар кој не смее да се појавува во емисии што не се закупени исклучиво за предизборни цели.

Компарација на живеачка

Разлика меѓу живот на Запад и живот на Балкан (Германци vs. Хрвати): првите Опел Астра заработуваат за 1.000 часа, додека вторите за 4.000 часа. И три пати повеќе `рмбаат за литар млеко.

Загрепските улици во чест на рокенролот

И загрепските власти ќе ги менуваат имињата на улиците, само што они се малку порокенрол.

Младите жалат по СФРЈ и сакаат во ЕУ

Мнозинството од генерациите од земјите на Западен Балкан родени во 1971-ва и 1991-ва мисли дека животот би бил подобар ако опстанеше Југославија. Истовремено, нема ништо против членство во Европската Унија.

Прво апсење пирати во Хрватска

Во Хрватска се уапсени двајца корисници на интернет за нелегално даунлоадирање филмови, игрици и програми за сопствени потреби. Ги пријавил Интерпол.

Хашките бисери на Шешељ

Обвинителството во Хашкиот трибунал почна да ги изнесува завршните говори за 9-годишниот процес против лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ. Додека се чека пресудата, мала рекапитулација на неговата дрскост.

ММФ крив за војната во бивша Југославија

Меѓународниот Монетарен Фонд индиректно ја предизвикал војната во Југославија, откриваат меморандумите на Стратфор објавен на Викиликс.

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
15
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk