Ads

вести

тамбови

Европа на продажба

За да ги платат своите долгови Италијаните продаваат острови, Шпанците метрото, а Грците сè, освен Акропол.

Во Франција веќе нема госпоѓици

Францускиот премиер им го направи кеифот на феминистките и одобри бришење на титулата „госпоѓица” од сите официјални документи во земјата.

ЕУ ја стопира ратификацијата на ACTA

Соочена со силната опозиција, Европската Комисија се откажа од обидот за ратифицирање на анти-пиратскиот договор, ACTA и побара од Европскиот суд на правдата да провери дали договорот ги крши основните права.

Најамбициозната земја во светот

Катар моментално има најголем БДП по жител, тамошната дипломатија влијаеше врз падот на Гадафи и Мубарак, земјата стана домаќин на СП во фудбал 2022-та, а се чини дека нема намера да запре тука.

Силвио препишувал?

Покрај обвиненијата за поткупување сведок, незаконско прислушување, секс со малолетничка, на Берлускони му се заканува тужба и за плагијат. Од италијански рапер.

Со Црн Март против ACTA

Во знак на протест против SOPA/PIPA и ACTA, хактивистичката група Анонимус повикува на операција „Црн Март”, која подразбира општ мартовски бојкот на купување книги, музика, игрици и филмови. +копија од договорот ACTA на хрватски јазик

За луксузот нема зима

И покрај кризата, луксузните производи оделе како алва во 2011-та, благодарение на новопечените богаташи од Бразил, Индонезија и Кина.

Забранета продажба на Ајпад во Кина

Откако на прва сите со потсмев ја прочитаа веста за тужбата на Провју против Епл, сега малку поприбрано почнаа да ја следат целата работа, откако кинески суд забрани продажба на таблетот.

Богатите во иднината

За пет години најбогатата личност во светот може да биде жена, а просечната возраст на богаташите да изнесува 70 години.

Прирачник за примерни интернет граѓани

"Не е доволно само да не се трола", вели Алан Хенри од Lifehacker, кој составил неколку правила за примерно онлајн граѓанство.

Ограбен музејот на Древна Олимпија

Двајца вооружени мажи украле непроценливи артефакти од арехолошкиот музеј во Древна Олимпија на западот на Грција, родното место на Олимписките Игри.

Претседателот на Германија даде оставка

Откако беше обвинет за тежок финансиски скандал, германскиот претседател Кристијан Вулф даде оставка, со што сериозно го разниша авторитетот на Ангела Меркел.

Либија се бори да ја оживее економијата

Откако пред 4 месеци ја доби борбата против Гадафи, Либија ја чека уште потешка економска борба.

Руска Toy Story

100 играчки од Киндер јајца, 100 Лего човечиња, 20 пластични војничиња, 15 кадифени мечиња и 10 колички, не смеат да протестираат затоа што не се државјани на Русија.

И Твитер ви краде податоци

Твитер призна дека копирал цели именици од смартфоните и ги складирал информациите на своите сервери без да знаат корисниците.

Студот доаѓа од Русија

Невообичаено острата зима која го замрзна европскиот континент е руска зима. Ама буквално.

Митови и заблуди за ACTA

Да се разбереме, ACTA е сериозно опасен документ, но дури и веб сајтот Ars Technica (кој ја поттикна анти-SOPA кампањата), почувствува обврска да ги урне сите митови околу договорот, што почнаа да циркулираат по социјалните медиуми.

Плима во Пиратскиот залив

По долгата правна борба, Пиратскиот залив најде начин да се спаси од досадните чувари на авторски права и да продолжи со споделување фајлови.

Кукурику закон

Во општина во близина на Љубљана, сопствениците на петли и кучиња кои галамат сред ноќ, плаќаат казна од 100 евра.

Планета на мобилни уреди

За максимум 4 години, на планетава ќе има повеќе мобилни уреди приклучени на интернет, отколку луѓе.

Изјава

Никој ништо не слуша. Додека не прднеш.
анон.

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads
Ads

Деновиве по Твитер и Фејсбук почнаa да кружат страотни фотки од чаша за деца купена во Скопје, која иде со гратис олово и кинески весник. Во случај да не сте налетале на нив, еве ги, па видете што увезуваме.

Некој слика масло на платно, некој ваја скулптури, а некој плете и расплетува кредитни картички. Се вика Димитри Цикалов и на оригинален начин ја прикажува економската нестабилност во светот.

Дечково изгледа како цел живот да одел на часови по танц, ама тоа што го научил не го прави на подиум, туку на точак. И супер му оди со партнерот што си го избрал.

Не е битно што ќе му се случи нему. Битно е дамата да си ја добие ташната назад, а крадците, по можност, да добијат малку ќотек.

Американскиот деловен магнат збор - два ја советува Мис на Универзум, Дајана Мендоза, околу дечкото и парите. Советот и не е баш неочекуван.

На 21 февруари 1947-ма година во Њујорк, физичарот Едвин Херберт Ленд, еден од основачите на Полароид, ја презентира првата инстант камера. Еве како изгледа претставувањето на тогаш револуционерниот фотоапарат пред 65 години.

Толку едноставно, а толку ефектно. За само 2-3 минути на мајсторов му успеа од гитарата да направи уметничко дело. А изгледа како да ја боел со саати.

Во сеќавање на гранџерот кој денес ќе наполнеше 45 години. "Повеќе би сакал да ме мразат за тоа што сум, отколку да ме сакаат за тоа што не сум", Курт Кобејн.

Велосипедист со висока сообраќајна култура покажува што треба да направите кога колите не ве пропуштаат и ви го сечат патот.

Нема шанси рибар што ќе го гледа клипов да ви се налути ако му кажете „среќно“. Не било сè само кулирање во кајче и чекање некоја ситна рипка.

5
највисока темп.
-3
најниска темп.
©2011 www.on.net.mk