Том Вејтс за Том Вејтс |
Том Вејтс за Том Вејтс
„Том Вејтс за Том Вејтс“ е нова збирка интервјуа и текстови за еден од најлуцидните, најфасцинантните музичари на светот (ако помисливте на Вејтс во право сте). Еве единаесет најинтересни цитати од книгата, која ќе излезе за некој ден, во издание на Чикаго Ривју Прес.
| « врати се назад |

- Албумот Nighthawks добро проаѓаше на топ листите, стигна до 169-то место, и многу се возбудив кога дојде до 200-тото, се’ додека некој не ми кажа дека требало да се оди во спротивната насока;
- (Како создава песна): Облекувам сукња, пијам шише шери, одам и стојам на 8. авенија со чадор, и на сет глас почнувам да рецитирам од задната страна на казна за паркирање;
- Никогаш не си го носете новчаникот на сцена. Малер е. Не треба да свирите со пари во џебот. Свирете како да ви требаат пари;
- Песните се навистина едноставни. Ги држите во рака. Можам во моментов да смислам една и да ја завршам. Но токму затоа што се едноставни, тоа е како набљудување птици. Треба да знаете нешто за птици инаку нема ништо да видите: само вие и двогледот, и глупиот израз на вашето лице;
- Јас сум како оние кои зборуваат од стомак. На крајот морате да го правите тоа за да преживеете. Така никогаш не мора да бидете таму каде што велите дека сте. Станува поедноставно со тек на време. Имате барем две соби во вашата куќа. И никогаш не сте истовремено во обете;
- При крајот секогаш е добро песните малку да ги искамшикувате, да ги исплашите, да се подбивате со нив. И тие се менуваат. Доаѓате следниот ден и тие веќе се повоспитани;
- Мојата теорија е дека песните мораат да бидат анатомски коректни. Треба да имаат клима во нив, и име на град, и често нешто да се касне – ако случајно огладнете;
- Мислам дека сите ја сакаат музиката, но она што би требало да се случи е музиката да ве сака вас;
- Луѓето кои создаваат песни...работите кои тие најчесто ги сакаат се оние што ги освежуваат, новите нешта. За некои песни веднаш знаете дека никогаш повторно нема да ги пеете, за други знаете дека и по триесет години сеуште ќе се обидувате да сфатите што значат;
- Трикот е да имаш и кариера и семејство. Тоа е како да имаш две кучиња кои не се трпат, а мораш да ги шеташ заедно секоја вечер;
- Повеќето уметници кои ги слушате се всушност лоши имитации на други луѓе. И навистина им е страв да не го забележите тоа. Ако Хаулин Вулф ви каже дека стварно се труди да звучи како Џими Роџерс, ќе речете „добар обид, ама промаши за километар“. Епа, тој километар е неговото дело...
превод: bookbox
























