Ads

Банкрот во Литванија

Банкрот во Литванија

Разговор помеѓу Никола Груевски и Јоргос Папандреу
- Кај си Ѓоко? Се слави ли?
- Кој е тоа?
- Па, јас сум, твојот комшија Никола Груевски...

Банкрот во Литванија

- Од кај ти е на тебе, Никос Грујос, мојот број на мобилен телефон?

- Се јавив во службата за инфорамации, убаво прашав кој му бројот на мојот комшија Ѓорѓи Папандреески, и тие фино ми го дадоа.

- Но, тоа е таен број... Како смееле да ти го дадат? Сега ќе се јавам во Водафон, ќе им ги скинам ушите.

- Немој да се јавуваш во Водафон. Не ми го дадоа тие.

- Па, кој би можел да ти го даде мојот таен број?

- Ти велам, службата за информации.

- Која служба?

- Тајната служба, де. Која друга би можел да ја прашам?

- Да знаеш дека ќе те пријавам и на Американците и на овие во Брисел, дека ме шпионираш!

- Да знаеш дека овие од Викиликс многу ќе се изненадат кога ќе го слушнат тоа.. Има да се фрапираат, ќе речат: леле леле, што дошло на овој свет...

- Добро, што сакаш? Зошто ми се јави?

- За да прашам дали славите?

- Што има да се слави?

- Кај нас има многу што да се слави: Ден на независност, победата против вас на Евробаскет...

- Ти ме провоцираш?

- Ма, не... Само прашувам.

- Па, што има јас да славам што вие сте прогласиле држава само за да не предизвикувате нас Грците и да покажете аспирации кон нашата територија и историја?

- Како бре човече, не ти здосадува таа секогаш иста приказна?

- А, како на тебе не ти здосади да измислуваш историја и да ни водиш инает?

- Еј, не сум јас крив што државата ти е должна ко Грчка.

- Ни јас не сум ти крив на тебе што немаш поим колку зраци има сонцето на Вергина!

- Како немам? Па, ене види како убаво свети од нашето државно знаме и има, чекај да избројам, 2, 4, 6, 8...

- Застани тука! Нели одамна се договоривме дека тоа на вашето знаме не е сонцето на Вергина, туку некое кој знае од каде и дека може да има само 8 зраци?

- Па да, ама... Можам да избројам колку имало на старото знаме: 2, 4, 6, 8, 10, 12, 14, 16. Да, точно 16.

- Добро ли изброи?

- Да. Еве може уште еднаш.. Мене не ми е тешко да ги бројам сончевите зраци, јас тоа би можел да го правам по цел ден. 2, 4, 6... 16. Гарантирано се 16. Ете, гледаш дека знам.

- Па, кога знаеш, зошто оние твоине бронзени војници што си ги засадил околу оној коњаникон, на кој само благодарение на нашата секогаш будна дипломатија, веќе не смееш ни името да му го кажеш, зошто тие војници на штитовите имаат разни сонца, некои со 9, некои со 15 зраци?

- Немам поим. Баш ќе прашам. Веројатно затоа што во античка  Македонија имало и облачни денови, па сонцето не можело секогаш да има ист број на зраци.

- Аха, сега освен археолози ќе ангажираш и метеоролози, па пак нема да докажеш дека сонцето на Вергина нема никакви врски со таа твоја држава!

- А, како ти знаеш колку зраци има сонцето на нашите штитови? Да не си пратил шпиони да бројат или ти јавиле овие нашиве несреќи од опозицијата?  

- Ти тоа си го направил намерно, за да не се препознае дека си мислел на сонцето на Вергина, ама мене не можеш да ме измамиш!

- Еј, Ѓоко, колку е 72 минус 58?

- 14, зошто прашуваш?

- Па, со толкава разлика во кошови ве победивме во Литванија. А, знаеш ли зошто не ве победивме со 16 разлика?

- Зошто?

- За да не побараш да се поништи натпреварот, само затоа што резултатот ве потсетувал на сонцето на Вергина!

- Е, баш имаш со што да се пофалиш. Нас не победи оној Мекејлеб, роден Скопјанец од Њу Орлеанс.

- Кој ви е крив што за вас не играше оној Софокле Шортсанитис?!

- Сакаш да кажеш дека тој не е Грк?

- Штом ќе го погледнеш, веднаш сфаќаш дека мора да му е роднина на Теодоракис и Оназис!

- Лудаку еден, татко му е Грк а мајка му од Африка.

- На Теодоракис или Оназис?

- Молчи и срами се! Сте го донеле оној Србинон Перо Антиќ, кој со презимето одлично се вклопува во проектот за антиквизација на таа твоја држава.

- Повлечи го тоа што го кажа! Перо Антиќ не е Србин туку роден Македонец, роден овде во Скопје. Ти сега можеш да пукнеш од бес. Срам да ви е, не можевте мирно да го поднесете поразот, па пративте 100 лудаци да ни ја блокираат границата!

- Кој ги пратил?

- Вие Грците, не сме ги пратиле ние.

- Тоа е исто како јас да кажам дека овие анархисти и разноразни дивјаци што демонстрираат и уриваат низ Грција, се скопски платеници.

- Зошто па само скопски, а не и охридски, кумановски, битолски...

- Знаеш ти зошто. Затоа што ако јас се прашувам, таа твоја држава може да се вика само Скопје. Ако продолжиш да провоцираш, тогаш нема да го признаеме ни тоа име, туку ќе најдеме некој скопски кварт, па ќе бараме така да се вика. Што знам, ете Бит Пазар на пример.

- Нашата држава, Ѓоко, отсекогаш се викала Македонија и се протегала се до Пакистан, каде што и денес живее нашиот братски народ, Хунзи. Не сме ви ние криви што своите општини ги прогласивте држави, па држава ви била и Атина и Спарта...

- Молчи таму! Ги ставате тие бронзени споменици од 100 метри, како вчера да сте влегле во бронзено доба!

- Ха, се јави фирмата од камено доба! На туристите им покажувате само урнатини, бидејќи ве мрзи да ги поправите. Целата Европска Унија ќе ја турнете во банкрот!

- Што има ти да се секираш за Европа, кога никогаш нема да ве примат. Вие не можете ни во НАТО да влезете!

- Доста ви се Турците во НАТО. Фали уште и ние да влеземе, па цела Грција да плаче како Србија: куку леле, не нападна НАТО! Вам НАТО ви е добар само кога ве пушта да победите, како што Словенците ве пуштија во Литванија. Ете затоа и ти се јавив, да ти честитам и да прашам дали славите голема победа.

- Тоа е навистина долно од тебе...

- Не е. Тоа е многу великодушно. Кога веќе излегувате од еврозоната, барем да не испаднете и од Евробаскетот.

Извор: Радио Слободна Европа
Автор: Предраг Луциќ


20. Септември 2011 - 14:26
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
15
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk