Ads

5 работи за кои најмногу жалиме на крајот

5 работи за кои најмногу жалиме на крајот

Брони Веар е медицинска сестра која долги години работела со терминално болни пациенти. Според нејзиното искуство, ова се петте работи за кои луѓето најчесто се каат на својата предсмртна постела.

5 работи за кои најмногу жалиме на крајот

1. Би сакал да имам храброст да го живеам животот како што јас сакав, а не како што другите го очекуваа тоа од мене.

Ова е работа за која луѓето најчесто се каат. Кога ќе сфатат дека нивниот живот е речиси готов и кога ќе погледнат наназад, лесно е да видат колку нивни соништа останале не остварени. Најголем дел од луѓето не испочитувале ниту половина од своите соништа и ќе починат знаејќи дека тоа се должи на изборот што го направиле или не го направиле.

Многу е важно да се обидете и да остварите барем дел од своите соништа во текот на животот. Бидејќи откако ќе го изгубите здравјето, веќе е премногу доцна. Здравјето со себе носи слобода која малкумина ја разбираат, се додека не го изгубат.

2. Би сакал да не работев толку многу.

Ова го има кажано секој машки пациент што сум го негувала. Ним им недостасува детството на нивните деца и друштвото на нивниот партнер. И жените се каат за ова, но бидејќи најголем дел од пациентките беа од постарите генерации, тие најчесто не биле вработени. Сите мажи што сум ги негувала најдлабоко жалеа што толку голем дел од својот живот го минале посветени на работата.

Поедноставувајќи го својот животен стил и правејќи свесни одлуки, можно е и да не ви требаат толку средства колку што мислите дека ви требаат. Правејќи повеќе простор во вашиот живот, ќе станете по среќни и по отворени кон новите можности, кои повеќе ќе одговараат на вашиот нов животен стил.

3. Би сакал да имам храброст да ги искажам своите чувства.

Најголем дел од луѓето ги потиснувале своите чувства за да не се скараат со некого или за да го одржат пријателството. Како последица на ова, тие имале просечен живот и никогаш не станале човекот кој имале шанса да станат. Мнозинството од нив развија болест поврзана со огорченоста и лутината поврзана со потиснувањето на емоциите.

Ние не можеме да ја контролираме реакцијата кон другите. Како и да е, иако луѓето на почетокот може ќе реагират кога ќе решиш да се промениш и да зборуваш искрено, на крај тоа ја крева врската на сосема ново и здраво ниво. Или тоа, или ќе ви дозволи да се ослободите од некоја нездрава врска во вашиот живот. Во секој случај, победувате.

4. Би сакал да останев во контакт со моите пријатели.

Најчесто тие не ја разбираат комплетната корист од старите пријатели се до последните недели од нивниот живот, а во тие ситуации и не е секогаш можно да се најдат каде се. Најголем дел од нив веше имаат поинаков живот, заради кој ги испуштиле златните пријателства во текот на годините. Многумина сериозно се каат што на пријателствата не им го дале времето и трудот што тие го заслужувале. Кога се на пред умирање, на сите им недостасуваат пријателите.

Заради постојаната зафатеност, лесно е за секого да дозволи пријателствата да се "лизнат" од дневниот распоред. Ама кога се соочени со смртта, луѓето сакаат да ги средат финансиските проблеми, за доброто на нивните најблиски. Но парите и статусот не е она што е вистински важно за нив. Она што тие навистина го сакаат и ценат и љубовта и врските.

5. Би сакал да си дозволев да бидам посреќен.

Ова е изненадувачки често. Најголем дел до крајот на животот не разбираат дека среќата е избор. Тие остануваат заглавени во стари навики и шаблони. Комфортот на познатата средина, ги преплавува нивните емоции, како и нивните физички животи. Стравот од промена, ги тера нив да се преправаат пред другите и пред себе си, дека се задоволни со тоа што го имаат. Кога длабоко во себе, тие копнеат повторно да бидат искрено среќни и повторно да имаат блесавост во своите животи.

Кога си на предсмрттна постела, она што другите го мислат за тебе воопшто не ти паѓа на ум. Тогаш размислуваш колку би било прекрасно да можеш да се опуштиш и повторно да се смееш, многу, многу пред смртта.

извор


9. Јануари 2012 - 12:49
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
15
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk