Ads

турлитава

тамбови

Оловна вистина

Деновиве по Твитер и Фејсбук почнаa да кружат страотни фотки од чаша за деца купена во Скопје, која иде со гратис олово и кинески весник. Во случај да не сте налетале на нив, еве ги, па видете што увезуваме.

Страната за рестарт

Ако ви фали рестартот од Виндоус 95 или ве интересира како изгледа рестартирање на Епл, на повеќе имате трибјут на менито за рестартирање на некои од најважните оперативни системи.

5 работи за кои најмногу жалиме на крајот

Брони Веар е медицинска сестра која долги години работела со терминално болни пациенти. Според нејзиното искуство, ова се петте работи за кои луѓето најчесто се каат на својата предсмртна постела.

Срање!

Епл: Веб апликацијата или социјалната мрежа што ја правиме ќе биде феноменална.
Гугл: Андроид е отворен.
Фејсбук: Нашите корисници сакаат да комуницираат со брендовите.

Новинарски анал(и)

15-тина новинари неодамна напудени од една скопска телевизија, пропеале од мака. Песната се вика "Фупе у дупе". Додека ги тужат газдите, тие си ја пеат 24 часа, вие чујте ја колку сакате и запејте ја секогаш кога животот ќе ве натера да се осеќате некако новинарски.

Грција ќе пропадне

Нема шанси Грците да бидат во состојба да ја контролираат својата економија и да ги исполнат ветувањата што им ги дадоа на ЕУ и на ММФ.

Како да му се "скриете" на Фејсбук

Меѓу останатите новини што ги воведе Фејсбук се и новите "колачиња" кои без да знаете ве следат и собираат информации за вас и откако ќе се одлогирате од социјалната мрежа. На повеќе, неколку начини како да се откачите од напаста.

Банкрот во Литванија

Разговор помеѓу Никола Груевски и Јоргос Папандреу
- Кај си Ѓоко? Се слави ли?
- Кој е тоа?
- Па, јас сум, твојот комшија Никола Груевски...

Резиме за РТС

Напомена: Да, ова CV стварно го напишал човек и стварно го испратил на РТС. Името, бројот на телефон и сликите се тргнати заради заштита на приватноста.

3 добри и 1 глупа работа од NBA.com

1. Перо Антиќ на насловна на NBA.com
2. Macedonia continues to surprise in Day 5 action.
3. Antic Leads As Macedonia Progress
Глупа. Нè водат како FYROM

Сатану по сред бубрега!

Последниот земјотрес кој го погоди Вашингтон и Њујорк предизвика експлозија од одушевувања кај читателите на српските Вечерње Новости. Во форма на Грејтест шитс, се уште нормалните Е-новине ги пренесуваат будалестите коментари - клетви а и ние ви ги даваме изворно, да не изгубат од сочност во преводот.

Педагошки времеплов

Ситуација 1: Петар и Марко се степуваат на училиште
1981-ва: Околу нив се собираат куп деца. Петар победува. Ферски си подаваат рака и стануваат најдобри пријатели.
2011-та: Директорот на училиштето вика полиција и двете деца заедно со родителите одат во станица на сослушување. И децата и родителите мора цела година да посетуваат програма за спречување на насилство.

3 глупи фази на живот

1. Деца и тинејџери
- Имаат енергија
- Имаат време
- Ама немаат пари

Вагина?

Некаде прикверчер, жена слуша дека некој и тропа на врата. Оди, отвора и гледа непознат маж како стои пред врата. Веднаш непознатиот маж прашува: "Госпоѓо, дали вие имате вагина?"

Упатство за правење бизнис

Таткото: Сакам да се ожениш со девојка по мој избор.
Синот: НЕ.
Таткото: Девојката му е ќерка на Бил Гејтс.
Синот: ОК!

Македонски бонтон за на плажа

1.  Стани во 4 наутро и зафати 6 лежалки- 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После врати се у кревет и спиј до 12 на пладне.

2. На просечен Македонец му требаат 8 квадрата - 5 за пешкирот и 3 за апостолките

3. Треба да се понесе лап топ, ајпод, блекбери, камера, транзистор и апарат за да се прати слика на фејсбук.

4. Книга не смее да се носи, тежи.

14 работи што ги научив од мајка ми

- Мајка ми ме научи да почитувам добро завршена работа.
"Ако планирате да се убиете еден со друг, излегувајте надвор, пошто само што завршив со чистење."

- Мајка ми ме научи на религија.
"Моли се на бога тоа да излезе од тепихот."

- Мајка ми ме научи за основите на логиката.
"Затоа што јас така реков, ете зошто."

34 причини да донирате за Сомалија

На 11.3 милиони луѓе во Сомалија очајно им е потребна хуманитарна помош, откако земјата ја зафати најлошата суша во изминатите 20 години. 1 долар = 3 оброци. На повеќе, 34 причини за донација.

Нови дефиниции за во живот

Утре (именка) - најдоброто време да се направи се она што сте го планирале за денес.

Потколеница (именка) - делото од телото што се користи за откривање на мебел во темница.

Самец (придавка) - маж кој раскажува вицови за жени во кујна.

Том Вејтс за Том Вејтс

„Том Вејтс за Том Вејтс“ е нова збирка интервјуа и текстови за еден од најлуцидните, најфасцинантните музичари на светот (ако помисливте на Вејтс во право сте). Еве единаесет најинтересни цитати од книгата, која ќе излезе за некој ден, во издание на Чикаго Ривју Прес.

Изјава

Никој ништо не слуша. Додека не прднеш.
анон.

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads
Ads

Деновиве по Твитер и Фејсбук почнаa да кружат страотни фотки од чаша за деца купена во Скопје, која иде со гратис олово и кинески весник. Во случај да не сте налетале на нив, еве ги, па видете што увезуваме.

Некој слика масло на платно, некој ваја скулптури, а некој плете и расплетува кредитни картички. Се вика Димитри Цикалов и на оригинален начин ја прикажува економската нестабилност во светот.

Дечково изгледа како цел живот да одел на часови по танц, ама тоа што го научил не го прави на подиум, туку на точак. И супер му оди со партнерот што си го избрал.

Не е битно што ќе му се случи нему. Битно е дамата да си ја добие ташната назад, а крадците, по можност, да добијат малку ќотек.

Американскиот деловен магнат збор - два ја советува Мис на Универзум, Дајана Мендоза, околу дечкото и парите. Советот и не е баш неочекуван.

На 21 февруари 1947-ма година во Њујорк, физичарот Едвин Херберт Ленд, еден од основачите на Полароид, ја презентира првата инстант камера. Еве како изгледа претставувањето на тогаш револуционерниот фотоапарат пред 65 години.

Толку едноставно, а толку ефектно. За само 2-3 минути на мајсторов му успеа од гитарата да направи уметничко дело. А изгледа како да ја боел со саати.

Во сеќавање на гранџерот кој денес ќе наполнеше 45 години. "Повеќе би сакал да ме мразат за тоа што сум, отколку да ме сакаат за тоа што не сум", Курт Кобејн.

Велосипедист со висока сообраќајна култура покажува што треба да направите кога колите не ве пропуштаат и ви го сечат патот.

Нема шанси рибар што ќе го гледа клипов да ви се налути ако му кажете „среќно“. Не било сè само кулирање во кајче и чекање некоја ситна рипка.

5
највисока темп.
-3
најниска темп.
©2011 www.on.net.mk