Ads

твит

тамбови

Твитер трпи сè

Од 200 милиони твитови кои секој ден се објавуваат на Твитер, едвај една третина вредат да бидат прочитани. Сè друго е чисто смарање.

Твитер почнува со цензура

Лошо: Твитер oтсега селективно ќе брише твитови на барање на одрeдени светски влади. Утешно: Избришаните твитови ќе бидат видливи за остатокот од светот.

Најдобрите твитови за 2011-та

Твитер ја комплетираше листата со најдобрите твитови на годината, меѓу кои е и првиот случаен извештај за нападот на Бин Ладен и твитот кој спаси 2 животи.

Твитер се бори за твит

Твитер води битка за заштита со трговска марка на зборот “твит“ бидејќи не е прва компанија на која и текнало да го направи тоа.

Зошто твитовите треба да бидат поголеми

Ограничувањето на твитовите на само 140 карактери ја попречува интеракцијата меѓу корисниците а искрените мисли ги претвора во збунувачки хаос од кратенки.

Нема твитање од кралската свадба

За да се спречи протекувањето информации, слики и видеа од свадбената церемонија, во црквата Вестминстер Аби ќе биде блокиран сигналот за мобилни телефони.

За кого се зборува на Твитер

Барак Обама е 7-та највлијателна личност на Твитер, помалку интересна од една локална бразилска ѕвезда, Конан Обрајан, Стивен Фрај и Снуп Дог.

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
15
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk