плејлисти на славните |
тамбови |
Бранислав Николов (ФОЛТИН) - Мојата road music листа
Игор Анѓелков - Што слушам додека пишувам
Игор Анѓелков го препознавате по филмскиот магазин „Филмополис”, но и како дел од издавачката куќа Или-Или, за која лани го издаде својот прв роман „Крај-пат”. Во отсуство на ангажман во некое домашно радио, неговата прва медиумска љубов, откако претходно по шест години го слушавте на 103-ка и Радио Равел, ова е музичкиот избор со кој Игор бил окупиран додека ја пишувал книгата, во кој еден од носечките ликови е музичар.
Горан Васовиќ (Ева Браун) - Мојот моментален избор
Groove Relation (Антонио и Јулијана) - Љубов и музика!
Ни побаравте топ 10. Многу малку и многу зезнато да одбереме. Па ние не можеме ни топ 50 да направиме, а да кажеме дека ТИЕ се тие баш. Сакаме фанк. Сакаме соул. Сакаме џез. Сакаме хаус. Сакаме даунбит. Сакаме апбит. Сакаме музика. И како да се одлучиме за само 10? Да напоменеме, ова се САМО мал дел, или „милиделче“ од она што нам би ни било најдобро.
Марија Каева - споменарот на ушлата
На твои години имав две деца и пеглав со саати. Пих. Мене никој не ме сака за сопруга, јас сум ушла и навечер ме боли глава. Слушам музика, пуштам музика, опседната сум и зборувам за неа на радио веќе 10 години. Еве и сега имам еден куп за преслушување, и уште стопати по толку забележана во мојот сега дигитален споменар.
Мирко Попов - Звукот на моментот во мојата глава
Музиката ја обликува реалноста во мојата глава. Реалноста се привикнува на музиката (моја или нечива) која ми доаѓа, а самата музика ја асимилирам и трансформирам во дел од моето движење. Во постојана сум потрага, се ширам во сите правци, но во исто време се фокусирам на највозбудливите звуци на моментот, без разлика од кое време доаѓаат. Оваа плеј листа е звукот на овој момент во мојата глава.
Петар Младеновски - Ramones, Manu Chao, Wickeda...
Кирчо Арсовски - мојата моментална инспирација
По плејлистите на Лени Кравиц, Давид Гета, Лу Рид и Тарстон Мур се префрламе на музикофилите од нашата почва. Наш прв избор е Трачер Кирчо, кој ни ја прати листата со една напомена: „Имам можеби уште илјада најомилени песни, овој избор е направен во миг на инспирација и нормално нема крај”. Ајде на повеќе да чуете што (и зошто) слуша Кирчо. БОНУС: Новиот спот на ТБ Трачери, „Tracer Uber Alles”.
Џим Џејмс: моите омилени песни од The Band
Том Пети: моите омилени песни од Елвис Присли
Кога Том Пети имал 10 години, вујко му работел на снимањето на филмот на Елвис Присли, Follow That Dream, и Пети наминал. „Пристигна со група бели Кадилаци“, вели Пети. „Луѓето врескаа, подавајќи преку оградата плочи да им ги потпише. Се сеќавам дека косата му беше толку црна што сонцето се одбиваше од неа. Од само еден обичен поздрав со него кожата ќе ти се наежеше. Бев возбуден со недели. Се заразив и се обидував да ја најдам секоја негова плоча, и навистина ги преслушував. Елвис стана саундтракот на моите млади години.“
Тарстон Мур: панк
Лу Рид: супер текстови и џубокс хитови
Рид ги опишува овие 10 песни како кремот на неговиот „ментален џубокс“, од песните што ги сакал кога растел па сè до оние што ги открил подоцна. Сите песни ја одразуваат естетиката што ја претпочиташе прво со Велвет Андерграунд, а потоа и како соло артист. „Една од убавите работи во врска со рок музиката e што нема зафрканции,“ вели тој. „Сакав да створам чувство на блискост, како Вилијам Бароуз. Тоа е барање неволја: кој би можел да го победи Вујко Бил? Но, сепак има начин да се победи: во рок песна.“
Џон Меленкaмп: протестни песни
Давид Гета: класики од подиумот
„Во денс музиката има два елементи што се речиси спротивни“, вели диџејот, продуцент и ѕвезда Давид Гета, на чие ново LP Nothing But the Beat учествуваат сите - од Лил Вејн до Ники Минај. „Потребно е хипнотичко чувство, што се создава со повторување. Но емоцијата доаѓа од развивањето на акордите и мелодиите. Песната ќе стане класика ако ги има тие два елементи во исто време.“
Лени Кравиц: моите омилени песни од Џон Ленон
Кога го снимаше својот дебитантски албум, Let Love Rule, на Лени Кравиц му беше кажано дека звучи како Plastic Ono Band - ЛП што Кравиц сè уште го немаше слушнато. „Го преслушав и откачив“, вели Кравиц, кој брзо се навлече на творештвото на Ленон од периодот после Битлси. „Она што ме допре беше бруталната искреност. Снимките беа сурови и соголени. Беа толку вистински.“
Демиен Марли: моите омилени песни од Боб Марли
Вејн Којн: моите омилени песни од Пинк Флојд
Вејн Којн ја сака речиси секоја фаза на Пинк Флојд. „Едноставно, тоа е супер приказна на креативни умови што немаа страв“, вели фронтменот на Флејминг Липс. „За бендовите е голема работа воопшто да имаат прва, а можеби и втора фаза, но Пинк Флојд имаа и трета и четврта фаза. Ги имаа оние непредвидливи елементи што ги направија толку хуманистички.“
























