Ads

европа

тамбови

Кругман: Гласачите помудри од лидерите

Нобеловецот им аплаудира на гласачите од Франција и Грција за изборните резултати, заклучувајќи дека Европа конечно сфаќа дека стратегијата со штедење не ја бива.

Богаташите за 17 милијарди посиромашни

40-мина најбогати во светот минатата недела загубија точно 17 милијарди долари на берза, најголемиот седмичен пад годинава. Карлос Слим се извлече.

Рецепт против невработеност

Младите од многу европски земји дремат дома без работа, без разлика што имаат куп дипломи. Во Германија не е така. Еве зошто.

Гага атракции

За уживање низ европските метрополи не е неопходно да се испразнат сите кредитни картички. Еве листа на најдоброто и бесплатно од Париз, Рим, Амстердам, Лондон, Берлин и Барселона.

Нејмар не брза со заминување во Европа

Во изминативе денови медиумите објавија дека напаѓачот на Сантос, Нејмар се договорил со Барселона, но Бразилецотја отфрли можноста за заминување ова лето во Европа.

Во Африка подобро од Европа

Благодарение на кризата, сега Европејците се тие кои бараат работа во земјите од Африка и Латинска Америка. Индијците, пак, се враќаат дома.

Крив економски правец

Мерките за штедење нема да ја запрат кризата, туку само ќе доведат до поголеми граѓански немири или ќе ги натераат презадолжените како Грција да се збогуваат со еврото, тврди нобеловецот Џозеф Стиглиц.

Челични, не златни шипки

Заради финансиската криза, некои луѓе треба да се во затвор, порача нобеловецот Пол Кругман преку страниците на Плејбој. Посочува уште и дека омилен бенд му е Arcade Fire.

Студот доаѓа од Русија

Невообичаено острата зима која го замрзна европскиот континент е руска зима. Ама буквално.

Европo, аман со вашите одмори

Првиот човек на Нестле им порача на Европејците да се стегнат малку и како него повеќе да се посветат на работата. Секако, некои исто така и немаат 7-цифрена плата како него.

Совет од Исток за Запад

Европа мора да се соочи со новата економска реалност и да учи од Азија - ако си сиромашен, така и живеј.

Европска љубов

На заедничката седница на француската и германската влада во Париз, Саркози и Меркел ја објавија својата политичка свршувачка, недостасуваше само прстенот.

Климатски парадокс

Како тоа нонстоп се зборува за глобално затоплување, а изминатите десетина дена во Европа замрзнаа стотици луѓе и во некои делови од Украина и Чешка температурите паднаа до скоро -40 степени?

Секс за европски идентитет

Сексуална револуција, предлага авторот на Името на розата, за жителите на Европа без разлика од која земја доаѓаат да се чувствуваат Европејци, колку што и луѓето од Џорџија, Охајо и Калифорнија се чувствуваат Американци.

Да се паничи во еврозоната или не

Дали е крај на кризата во еврозоната? Ако не е, што следува понатаму?

980 милиони туристи во 2011-та

Лани туризмот забележал пораст на глобален план, и покрај економската криза, Арапската пролет и јапонското цунами. 2012-та се очекува да биде заокружена со 1 милијарда туристи.

Мобинг ширум светот

Најмногу малтретирање на работа трпат Британците, најраат се Белгијците а пак Холанѓаните најчесто пуштаат по некоја солза.

Европа оди на гурбет

Сè повеќе Европејци почнаа да го напуштаат стариот континент во потрага по подобра заработувачка, заминувајќи на печалба на дестинации како Австралија, Ангола и Бразил.

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
15
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk