Ads

цензура

тамбови

Британскиот суд му направи услуга на Pirate Bay

Веста дека Британија ќе го забрани Pirate Bay, резултирала со зголемување на популарноста на бит торент порталот за цели 12 милиони посети. И тоа за само еден ден.

CISPA помина во американскиот Конгрес

И покрај сите критики дека е бетер од SOPA и ACTA, петициите со стотици илјади потписи и предупредувањето на Обама дека ќе стави вето, американските конгресмени го изгласаа контроверзниот закон за интернет безбедност.

Најлошо до сега

И Сергеј Брин, еден од основачите на Гугл, им се придружи на оние што сметаат дека дека интернетот се соочува со најголемата закана до сега, а слободата на изразување никогаш не била позагрозена.

Обратната логика на кинеската цензура

По серијата забрани на реклами, реални и талент шоуа, кинеските телевизии сега се соочуваат со рестрикции на странски програми. Опонентите предупредуваат: Пекинг не сфаќа дека гушењето на популарната култура, може да ја убие целата култура.

Социјалното самоубиство на Твитер

"Ако Твитер цензурира, јас ќе престанам да твитам", вака реагираа повеќето корисници, разочарани од одлуката на микро-блогерскиот сервис да почне да брише постови.

Твитер почнува со цензура

Лошо: Твитер oтсега селективно ќе брише твитови на барање на одрeдени светски влади. Утешно: Избришаните твитови ќе бидат видливи за остатокот од светот.

Кина го блокира Гугл +?

Уште не ни пркнал во интернет просторот, а Гугл + веќе наишол на проблеми во Кина.

Интернетот го чека цензура

Улогата на интернетот во Арапската пролет во некои земји може да резултира со силен удар по современите слободи, предупредува претседателот на Гугл, Ерик Шмит.

Светиот летачки циркус

БиБиСи подготвува ТВ драма за целата контроверзија околу култниот филм „Житието на Брајан“ на Монти Пајтон, и борбата на комичарите со црквата, политичарите и жолчните критичари.

Може ли Холивуд без Кина?

Холивуд наскоро ќе мора да почне да снима филмови по мерак на кинеските цензори ако сака да задржи еден од најголемите кино пазари надвор од САД. Бонус: Кина не го бара ова од нив.

Цензуриран антисемитизам

„Протоколот на сионските мудреци,“ едно од најпознатите антисемитски дела, е на добар пат да добие третман на екстремистичко издание и да биде забрането во Русија.

Боб Дилан се шитна?

Што има легендата да каже по обвинувањата дека на концертите во Кина не ги отсвирел „Blowin' in the Wind“ и „The Times They Are A-Changin“ заради притисок од властите во Пекинг, и информациите дека салите на неговите настапи биле празни и во публиката речиси и да немало Кинези.

Експрес цензура

Илјадници копии од книга за корупција во московскиот врв чиј автор е новинарка на Форбс, биле запленети од полицијата неколку часа по поднесувањето на жалба за клевета од страна на руски политичар.

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
15
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk