Надал преку Федерер до финале |
Надал преку Федерер до финале
Рафаел Надал се пласира во финалето на Австралија Опен, совладувајќи го во полуфиналето Роџер Федерер со 3:1 по сетови 6:7, 6:2, 7:6 и 6:4.
| « врати се назад |

Во уште еден епски двобој Надал стигна до 18. победа во 27. меѓусебен дуел.
Федерер го доби првиот сет во тајбрејк, но психолошката предност не ја искористи во вториот сет, кој Надал го доби со 6:2.
Швајцарецот покажа свежина на стартот од третиот сет направи брејк, но не ја задржа предноста, а во новиот тајбрејк Надал беше поуспешен и поведе со 2:1 во сетови.
Во четвртиот сет, Федерер киксираше на свој сервис при 4:4, Шпанецот поведе и имаше сервис за победа, кој по голема борба го освои за конечни 3:1 во сетови.
Во финалето Надал го очекува победникот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.
























