Мареј лесно до полуфиналето |
Мареј лесно до полуфиналето
Четвртиот носител Енди Мареј без проблеми го совлада Кеи Нишикори со 6:3, 6:3 и 6:1 и се пласира во полуфиналето на Австралија Опен каде ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Ѓоковиќ и Ферер.
| « врати се назад |

Мареј по два часа и 12 минути игра го совлада Јапонецот и успеа да направи седум брејка, иако не му функционираше првиот сервис (само 44 проценти).
Шкотланѓанецот играше добро и на мрежа каде оствари 21 поен. Мареј е двократен вицешампион во Мелбурн и во финалните дуели губеше од Ѓоковиќ и Федерер без да освои сет.
Во женска конкуренција Марија Шарапова лесно излезе на крај со Екатерина Макарова, победувајќи ја со 6:2 и 6:3.
Чешката тенисерка Петра Квитова славеше на два пати со 6:4 и за влез во финалето ќе се бори со Шарапова.
Вториот полуфинален пар го сочинуваат Азаренка и Клијстерс.
























