Ads

Ѓоковиќ најдобар спортист за 2011-та

Ѓоковиќ најдобар спортист за 2011-та

Новак Ѓоковиќ е прогласен за најдобар спортист во светот за 2011. година во избор на престижната фондација Лауреус, која традиционално го доделува спортскиот оскар за најуспешните.

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.<br />

Првиот светски тенисер ја доби наградата пред австралискиот велосипедист Кадел Еванс, а номинирани беа и Лионел Меси, Дирк НОвицки, Себастијан Фетел и Усеин Болт.

Во 2011. година Ѓоковиќ освои три Гренд Слем титули и се искачи на првото место на АТП листата.

Наградата која му беше доделена во Лондон ја доби само една недела откако го освои Австралија Опен.

За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.

"Знам дека изборот беше тежок. Бев во конкуренција на големи спортисти. Немам зборови колку многу ми значи ова признание. За воодушевување е она што го прави академијата Лауреус, благодарен сум и на сите што ме номинираа, членовите на академијата и новинарите. Наградата е плод на работата на целиот мој тим и тие придонесоа да бидам тоа што сум во моментов", изјави Ѓоковиќ.

Добитници на Лауреус наградата:

Спортист на годината: Новак Ѓоковиќ (Србија), тенис
Спортистка на годината: Вивиен Черијот (Кенија), атлетика
Тим на годината: Барселона (Шпанија), фудбал
Враќање на годината: Дарен Кларк (Северна Ирска), голф
Пробив на годината: Рори Мекилрој (Северна Ирска), голф
Спортист на годината со хендикеп: Оскар Писториус (Јужна Африка), спринтер
Животно достигнување: Боби Чарлтон (Англија), фудбал
За придонес во спортот: Раи (Бразил), фудбал
Спортска личност на годината: Кели Слејтер (САД), сурфинг


7. Февруари 2012 - 9:44
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
16
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk