Ads

Ѓоковиќ ја одбрани титулата по шест часа борба

Ѓоковиќ ја одбрани титулата по шест часа борба

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата од Автралија опен, откако по најдолгиот финален меч на еден гренд слем турнир во историјата го совлада Шпанецот Рафаел Надал.

Ѓоковиќ ја одбрани титулата по шест часа борба

Срспкиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Отвореното првенство на Австралија, откако во антологиски меч во Мелбрун го победи Шпанецот Рафаел Надал со 3:2 во сетови - 5:7, 6:4, 6:2, 6:7, 7:5.

По израмнета борба во првите два сетови, Ѓоковиќ целосно доминираше во третиот и го доби со 6:2 за 45 минути. Ѓоковиќ беше блиску до победа во четвртиот сет, но Надал успеа да се врати во игра и израмни на 4:4 во гемови. Следеше пауза заради дожд, по што Надал по тај-брејк го освои сетот и израмни на 2:2.

Во петтиот сет Надал имаше предност од 4:2, но Ѓоковиќ израмни на 4:4, потоа следуваше и 5:5, за во 11-от сет да направи брејк и ја доби антологиската борба.

Натпреварот кој траеше пет часови и 53 минути е најдолгиот финален меч на еден гренд слем турнир во историјата на професионалниот тенис.

Ова е трета гренд слем титула за Ѓоковиќ во Мелбурн, а вкупно петта во кариерата, а пак Надал стана првиот тенисер кој загубил на три финалиња на гренд слем турнирите последователно и тоа сите три пати од Ѓоковиќ.


29. Јануари 2012 - 18:56
Ads

Изјава

Ако не си дел од решението тогаш си... колумнист.
Дејв Бери

Ads
За преглед на оваа содржина потребен е Flash Player.
Ads

Курсна листа

EUR
USD
GBP

слаткара

Ads

„Koe ima po grad” е профил на Фејсбук посветен на животот во Лесковац, кој е право освежување во деновите од типот "на тајмлајну ништа ново". За вас го избравме најновиот текст објавен на профилот, кој ви го пренесуваме изворно. Ќе видите и сами зошто.

Во македонскиот јазик има милион зборови за пијан: камен, дрво, флека, клен, ѕид, летва, ќутук, леш... а на интернет има уште повеќе клипови со пијаници. Како оваа пијана компилација, на пример.

Супер финта за отварање пиво, само баш нè интересира како све ова би изгледало кога би ја повторил после 5-6 испиени шишиња.

моја плејлиста

„Најактивно слушам дури патувам. Така, оваа листа ја составив од она што деновиве го имам во телефонот, од она што би можел да го наречам интимен ROAD MUSIC. Нормално, користам слушалки”, ни нагласи Бранко, пејачот на Фолтин.

Што добива украински репортер кој сака на премиерата на Men in Black III во Москва, сочно да го бакне Вил Смит? Една по муцка.

Ги предизвикуваме Легијата да направат вакво видео во кое фино ќе објаснат дека „несакам”, „неможе” и „сеуште” се пишуваат одвоено и дека „сваќам” е со Ф, а „ефтино” со В.

„Enter Sandman” од Металика отсвирена на казу. Чисто информативно, сите четворица се еден ист тип (Мистер Тим), а посебно тој доле лево.

19
највисока темп.
16
најниска темп.
©2012 www.on.net.mk