Ѓоковиќ избори ново финале |
Ѓоковиќ избори ново финале
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ќе ја брани титулата во Австралија Опен, откако по голема борба и четири часа и 50 минути игра го порази Енди Мареј со 3:2 по сетови 6:3, 3:6, 6:7, 6:1 и 7:5.
| « врати се назад |

Првиот светски рекет почна одлично и го доби првиот сет со 6:3. Во ист стил го започна и вториот сет, но потоа имаше големи проблеми со првиот сервис што го искористи Мареј и врати со иста мерка (6:3).
Третиот сет по голема и исцрпувачка битка стигна до тајбрејк во кој поуспешен беше Мареј и поведе со 2:1 во сетови.
Следеше фуриозна игра на Ѓоковиќ, кој за 25 минути го доби четвртиот сет со 6:1 и изедначи на 2:2 во сетови.
Во петтиот сет следеше борба до последниот атом, Ѓоковиќ направи брејк, а потоа поведе со 5:2. Кога се чинеше дека работата е готова, Мареј освои три гема по ред изедначи на 5:5 и имаше три шанси за да стигне до позиција да сервира за финале, но Ноле се извлече.
Ѓоковиќ поведе со 6:5, а потоа со брејк го заврши мечот и во финалето во недела ќе ја брани титулата против Надал.
























