Ѓоковиќ доби восочна фигура во Јагодина |
Ѓоковиќ доби восочна фигура во Јагодина
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вчера претстојуваше во Јагодина каде позираше покрај својата восочна фигура.
| « врати се назад |
Илјадници луѓе го дочекаа Ѓоковиќ пред Музејот за восочни фигури, каде беше поставена неговата фигура од восок, која ја направи белградскиот вајар Светомир Радовиќ.
Фигурата во природна големина е облечена во оригинален дрес и патики кои Ѓоковиќ ги носеше и рекет од еден од неговите мечеви.
"Како спортист на годината можам да ви кажам дека спортот е најчиста визија на животот, најчист облик на работа. Можам сите да ве убедам дека низ спортот, човек може многу да постигне, да ги оствари своите соништа, ако вистински верува во тоа", истакна Ѓоковиќ.
























