Ѓоковиќ цврсто на врвот, Азаренка прва кај дамите |
Ѓоковиќ цврсто на врвот, Азаренка прва кај дамите
Нема промени на врвот на АТП листата каде на првото место и натаму е Новак Ѓоковиќ, а кај дамите на најновото рангирање на ВТА листата во водство е Викторија Азаренка. Најдобро рангираниот македонски тенисер е на 982-та позиција.
| « врати се назад |

Со победата во финалето на Автралија опен, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се зацврсти на врвот на АТП листата. Тој со вкупно 13.630 поени има предност од 3.195 поени пред второпласираниот Рафаел Надал.
На третата позиција е Роџер Федерер кој заостанува со 2.425 поени зад Надал, зад нив се Мареј, Ферер, Цонга, Бердих, Фиш, Типсаревиќ и Дел Потро.
Најдобро рангиран македонски тенисер е Томислав Јотовски кој со осум поени се наоѓа на 982-та позиција.
Белорусинката Викторија Азаренка го освои Австралија опен и веднаш се искачи на првата позиција на ВТА листата со 8.585 поени.
На втората позиција е Петра Квитова со 7.690, а Марија Шарапова е на третото место со 7.560 поени. Првопласираната тенисерка од минатото рангирање, Каролине Вознијацки падна на четвртата позција со 7.085 поени.
Единствена македонска тенисерка рангирана на ВТА листата е Лина Ѓорческа која се наоѓа на 1071-та позиција со осум поени.
























