Французите нема да дочекаат Рафа да биде допингуван |
Французите нема да дочекаат Рафа да биде допингуван
Вујкото и тренер на вториот светски рекет Рафаел Надал, Тони се огласи во јавноста откако францускиот Канал + направи видео во кое индиректно го обвинува Шпанецот за допинг.
| « врати се назад |

"Французите можат засекогаш да чекаат Рафа да биде позитивен на допинг тест. Но такво нешто нема шанси. Смешно е колку Французите се шегуваат со Рафаел и шпанскиот спорт. Сите врвни спортисти многу често се на допинг контроли. Рафа не е исклучок", изјави за шпанска Марка, Тони Надал.
Тој ја намали целата фама која настана заради видеото, изјавувајќи дека нема намера да ја тужи француската ТВ станица.
"Само се обидоа да бидат смешни. Ништо страшно", заклучи Тони.
Семејството Надал нема намера да подигне тужба против Французите, но тенискиот сојуз на Шпанија размислува за тоа.
Еве го видеото кое предизвика големо негодување во шпанската јавност.
























