Федерер славеше над Дел Потро во 1.000 меч |
Федерер славеше над Дел Потро во 1.000 меч
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер без проблеми се пласира во полуфиналето на Австралија Опен со триумфот над Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро од 6:4, 6:3, 6:2.
| « врати се назад |

Федерер полесно од очекувањата за помалку од два часа игра славеше во својот 1.000 меч во кариерата.
Швајцарецот искористи пет од осум брејк топки, додека спаси пет од шесте брејк можности на Дел Потро. Федерер имаше повеќе "винери" (38:20), помалку неизнудени грешки (22:27) и стигна до осмата победа во десетте меѓусебни дуели.
Во Мелбурн, Федерер стигна до полуфиналето и во деветата година по ред, а го подобри својот скор во кариерата на 814 победи и 186 порази.
Во полуфиналето Федерер ќе игра со победникот од дуелот меѓу Рафаел Надал и Томаш Бердих.
























