Федерер и Надал пред 85.000 гледачи |
Федерер и Надал пред 85.000 гледачи
Роџер Федер и Рафаел Надал најверојатно ќе одиграат хуманитарен меч на стадионот Сантјаго Бернабеу пред 85.000 гледачи.
| « врати се назад |

Шпански фондации заедно со фудбалскиот клуб Реал Мадрид се во финална фаза на подготовка на голем тениски спектакл кој ќе се одигра на стадионот Сантјаго Бернабеу во Мадрид. Се уште не е позната точната дата на одигрување на овој меч помеѓу Надал и Федерер, но се претпоставува дека ќе се одржи помеѓу турнирот во Вимблдон и Олимписките игри во Лондон.
Според првичните планови, дел од фудбалскиот терен на стадионот ќе биде претворен во тениски терен со трева, а доколку се одржи, се очекува стадионот да биде исполнет до последно место (околу 85.000 гледачи), а тоа ќе биде рекордна публика на еден ваков меч.
Моменталниот рекорд за најпосетуван тениски натпревар е оној на Серена Вилијамс и Ким Клајстеср од 2010-та година кога одиграа на фудбалскиот стадион во Брисел пред 35,681 гледач.
























