background image

Заврши сезоната за Федерер

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Роџер Федерер соопшти дека ќе го пропушти останатиот дел од сезоната.

Швајцарецот во последно време има многу проблеми со повреди заради кои пропушти неколку големи турнири. Федерер нема да игра ниту на Олимписките игри во Рио.

„Многу сум разочаран што нема да ја претставувам Швајцарија на Олимпијадата во Рио и што ќе го пропуштам остатокот од сезоната. Многу разговарав со докторите и донесов тешка одлука да не одам во Рио и да ги пропуштам сите турнири до крајот на оваа сезона“, изјави Федерер кому докторите му порачале да го пропушти останатиот дел од сезоната ако сака да игра уште неколку сезони.

27-јул-2016 11:00