background image

Втор триумф за Мареј на Вимблдон

Британецот Енди Мареј ја воодушеви публиката на централниот терен на Вимблдон, со триумфот на третиот тениски Грен Слем сезонава.



Мареј попладнево со 3:0 во сетови го совлада канадскиот тенисер Милош Раониќ, за кого ова беше прво финале на турнирите од „големата четворка“. Не може да се каже дека денеска Британецот имаше лесна задача, но мора да се потенцира дека претходно никогаш полесно не победил во еден решавачки меч.

Ова е втора титула за Мареј на Вимблдон, вкупно трета од Грен Слем првенствата и голем подстрек за во иднина, за борбата со Новак Ѓоковиќ околу првата позиција на АТП листата.

Во вчерашното финале во женска конкуренција, Серена Вилијамс по седми пат дојде до победа во вимблдонското финале.

10-јул-2016 18:00