background image

Серена го израмни рекордот на Штефи Граф

Серена Вилијамс е победник на последното издание од британскиот Грен Слем турнир во тенис, кој традиционлно се одржува на терените на Вимблдон.



Во женското финале Американката со 2:0 во сетови ја совлада германската тенисерка Анжелик Кербер, потврдувајќи ја својата доминација на преостанатите ривалки.

Ова е 7-от трофеј за Серена освоен на Вимблдон, а вкупно 22-та Грен Слем титула во сингл, со што е изедначен рекордот на легендарната Штефи Граф, која до денеска важеше за најуспешната тенисерка на сите времиња.

Вечерва Серена ја очекува и финалето во двојки, каде заедно со својата сестра Венус ќе се обиде да направи уште еден резултат вреден за аналите на тениската историја.

Машкото финале се игра утре, во кое силите ќе ги одмерат Милош Раониќ и Енди Мареј.

09-јул-2016 16:51