background image

Мареј ќе брка втора титула на Вимблдон

Енди Мареј е вториот финалист на Вимблдон, откако во 1/2 финалето го елиминираше Чехот Томаш Бердих со 3:0.



Мареј беше извонреден во текот на целиот дуел, недозволувајќи му на протовникот да дојде до ниту една шанса за водство во овој меч.

Во недела Британецот ќе игра со Милош Раониќ, кој претходно успеа да го совлада Роџер Федерер. Несомнено е дека Мареј е голем фаворит во овој дуел, не само поради квалитетот, туку и поради далеку поголемото искуство во финалните средби од Грен Слем турнирите. Милош ќе го игра своето прво финале од турнирите од „големата четворка“, додека за Енди тоа е 11-то во кариерата и шанса за трет трофеј, а втор на Вимблдон.

Во женското финале утре ќе настапат Серена Вилијамс и Анжелик Кербер.

08-јул-2016 20:07